/ Прочитано:

504

Академијатa зa судии и јавни обвинители и ОБСЕ во соработка со Правосудниот колеџ на Обединетото Кралство организираат обука: „Судски вештини на пишување“

Среда, 1 октомври 2014 – Академијата за судии и јавни обвинители во соработка и со финансиска поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, за првпат и во соработка со Правосудниот колеџ на Обединетото Кралство, организира задолжителна дводневна интензивна обука на тема „Судски вештини на пишување“ која ќе се одржи на денеска и утре во хотел „Арка“, во Скопје.

На обуката свои излагања ќе имаат странски експерти од Правосудниот колеџ на Обединетото Кралство кои низ презентација на познати судски случаи во Обединетото Кралство ќе ги презентираат судските вештини на пишување.

 На обуката ќе присуствуваат судии од сите инстанци и од сите апелациони подрачја.