/ Прочитано:

652

Академијата за судии и јавни обвинители ја продолжува соработката со Амбасадата на САД и ОБСЕ

Понеделник, 3 јануари 2014 – Директорот на Академијата за судии и јавни обвинители Анета Арнаудовска одржа работен состанок со претставниците на Амбасадата на САД и Мисијата на ОБСЕ во Скопје во чии рамки беа разгледани предвидените активности за 2014 година кои требаа да се реализираат во заедничка соработката.

„На работниот состанок беа разгледани можности за организирање на обуки, регионални конференции, тркалезни маси, посветени на актуелни правни области со кои ќе бидат опфатени судиите и јавните обвинители на Република Македонија. Исто така, на работниот состанок се разговараше и за натамошниот тек на обуките за новиот ЗКП“, известуваат од Комората.

Арнаудовска и претставниците на Амбасадата на САД и Мисијата на ОБСЕ, како што потенцираат од Академијата, изразиле подготовеност за продлабочување на понатамошната соработка.