АКАДЕМИК ОБУКА за примената на Законите за финансиска дисциплина и вонсудско спогодување: Без јавна дебата и обуки не може ниту да се креира, ниту да се примени квалитетен закон!

Вторник 10 јуни 2014 – Изминатиов четврток АКАДЕМИК одржа обука за примената на Законот за финансиска дисциплина и Законот за вонсудско спогодување, теми кои се во фокусот на интересот како на приватниот, така и на јавниот сектор, особено на бизнис секторот и деловните субјекти, како и сите засегнати фактори и чинители во деловно-облигационите односи и финасиско-правните релации. Следејќи ги актуелностите во домашното законодавство и таргетирајќи ги правните трендови кои директно влијаат врз правните констелации на субјектите низ практиката, АКАДЕМИК и овојпат преку препознатливите карактеристики на своите обуки, на единствен и мошне корисен начин на едно место ги спои прашањата, идеите, предлозите, сугестиите и забелешките за посочените теми, реартикулирајќи ги како автентичен придонес во општата и тековна дебата за нивната законска применливост, која, како што беше истакнато на Обуката, неопходно е да фигурира во непосредните стручни дебати и јавните расправи во насока на подобрување на законодавството.

Пред големиот број присутни учесници, концентрирани во степен на рекордно присутен аудиториум, составен од видни претставници на бизнис секторот препознаен во имињата на водечките македонски компании, истакнати претставници на адвокатската фела, јавните претпријатија и државните институции, се отворија клучните прашања за примена на Законот за финансиска дисциплина и Законот за вонсудско спогодување, кои во текот на целата обука беа проследени со интерактивност, дебата и креативни дијалози, размена на идеи и предлози, поставување на прашања и давање на забелешки и сугестии.

Се чини, Законот за финансиска дисциплина како новина во македонското законодавство силно ја бранува засегнатата потесна и поширока јавност, која е во континуирана потрага по експликативни одговори за прашањата кои ги иницираат законските решенија, за кои за присутните учесници на Обуката рекоа дека како законски текст и идеја не се доволно анализирани, објаснети и недоречени, па позитивно е што АКАДЕМИК повторно тука, со типичен ентузијазам и иновативност, пронаоѓа модалитети гласот на учесниците да допре до најповиканите, а нејаснотиите да се лоцираат и полесно да се разберат и разрешат во прецизен, точен и влијателен академски манир.

Во таа насока, на првиот дел на обуката, на прашањата на учесниците одговараше г-дин Јане Севдински од Министерството за финансии, кој паралелно со неговата презентација и излагање интерактивно дебатираше со учесниците за прашањата кои предизвикуваат проблеми при толкувањето на Законот за финансиска дисципилна, а кои неминовно начнуваат многу дилеми за неговата примена.

Во презентацијата на г-динот Севдински беа анализирани и дискутирани особено економските оператори од приватниот сектор и субјектите од јавниот сектор, роковите, ништовноста на договорната одредба, правото на доверителот во случај на доцнење на должникот, постапката на надзор и глобите.

Прашањето за фактурите, електронските фактури како предмет на идна законска промена која беше најавена во тој дел,  договорите за купопродажба со компензација, плаќањето со рати, право на должникот на заштита, соодносот на Законот за финансиска дисциплина и Законот за облигационите односи, прецизирањето на деловната трансакција, рекламациите и поставеноста на УЈП, беа прашањата за кои најмногу се интересираа учесниците, кои патем укажуваа дека законското решение ќе продуцира многу проблеми низ праксата, а евидентно беше дека и клучните забелешки одеа во насока на поставеноста на УЈП во самиот закон, но и каква би била нејзината улога при спроведувањето на законското решение.

„Примарна цел на Законот е УЈП да не казнува“, децидно посочи Севдински, кој е согласен дека многу прашања во законското решение се непрецизирани и нејасни и во тој контекст најави дека потребно е да има законски измени во тие делови.

„Како правник се заложувам секој предлог закон да оди на јавна расправа. Се заложувам сите субјекти да бидат вклучени при расправата за одреден закон. Мора да се признае дека во законот има поими и состојби кои не се доволно јасни и практиката ќе покаже дека ќе има потреба од промени. Добро е што и на АКАДЕМИК Обуката може да се дадат одговори, да се слушнат мислењата, да се дадат забелешките и сугестиите, посебно што доаѓаат од луѓе од практиката, па во таа смисла секако дека ќе се вгарадат и земат во предвид за подобрување на законодавството“, посочи Јане Севдински.

Вториот дел од обуката беше посветен на примената на Законот за вонсудско спогодување. Искусниот економист и практичар г-дин Васил Павлоски, човек со огромно професионално искуство во областа на економско-правните односи, говореше за примената на Законот за вонсудско спогодување.

Подетално тој се осврна на целите на постапката за вонсудско спогодување, начелата за вонсудско спогодување, начинот на известување, одлуките во постапката, правните лекови, органите во постапката за вонсудско постапување, Спогодбениот совет, должности на повереникот, задачи на органите на управување, управување со ризиците во финансиското управување на еконосмките опрератори, видовите на ризици, финасиските потешкотии, отворањето на постапката, финасискиот и оперативен план, минималните понуди на доверителите, алтернативниот предлог, постапката за спогодување, рочиштата, решението за прифаќање, запирањето на постапката, склучувањето спогодба на нотар, скратената постапка, правните последици од отворање на постапката, уписот во трговски регистар, сметководствените промени, трошоците, глобите, обврските на доверителите и меѓународните принципи во постапката за вонсудско спогодување.

Низ елаборирањето на прашањата за вонсудското спогодување се наметнаа повеќе прашања за разјаснување на дилемите околу примената на конкретниот закон, а интерактивната дебата во најголем дел беше концентрирана за санкцијата на должникот, вонсудското спогодување и соодносот со стечајот, најефективниот рок за поведување на постапката, неликвидноста на должникот, постапката во Министерството за економија, просторното позиционираност во смисла на одвивање на постапката, како и самите прекршочни одредби.

Учесниците не го криеја своето задоволство од советите дадени од г-дин Павловски, кој, како што истакна, ги познава одлично практичните состојби и контексти бидејќи и самиот е дел од практиката, притоа упатувајќи ги за секое конкретно прашање на идна соработака, затоа што, како што подвлече, огромна е заслугата на АКАДЕМИК што на овој начин преку вака орагнизиран настан може да ги сооочи сите релевантни фактори и засегнати страни да ги сознаат подобро работите и да ги расчистат дилемите кои нужно се јавуваат при етаблирање на нови законски решенија.

„Со оваа презентација на Законот за вонсудско спогодување целта ни е да ги разјасниме работите поврзани со примената на законот, да се разгледаат можностите кои се зацртани во законот од правно-економски аспект и од аспект на должничко-доверителските односи. Ова претставува една законска новина за која организацијата на ваква обука ќе биде од голема корист заради точно, суштинско и применливо појаснување на законските институти, поими и постапка“, подвлече Павловски, кој како и учесниците е согласен дека перманентната едукација е најкоректната, најадекватната и најефективната солуција за правилна примена на законското решение низ праксата.

Она што може да се заклучи од коментарите на предвачите и учесниците е дека за да едно законско решение заживее во практиката од суштински значење е да се почитуваат начаелата на јавната дебата. Несомнено, АКАДЕМИК како лидер во креирањето на правната мисла во овој контекст ги следи тие определби, но мора да се акцентира, дека во правната физиономија на апликативноста на законите, секогаш важи и она правило дека „правната судбина“ на одредена правна тема иницијално зависи од струкуирањето на законското решение во апликативна смисла. Да се организира Обука на која на најнепосреден начин ќе се иницираат најповиканите чинители во даден процес, не само што е благородна, туку и одговорна мисија, особено кога се работи за законски проекти кои го опишуваат пулсот на деловните текови во една држава, кои пак, недвосмислено, се индикатор за  развој на бизнис климата – фактор кој е услов без кој не се може во градењето на бизнис сферата и правната сигурност.

Учесниците на АКАДЕМИК ОБУКАТА задоволни од совршената организација на обуката,  следствено и коментираа дека позитивно е што можеле да ги дадат своите забелешки и мислења, но и да им се разјаснат некои дилеми,  за кои, дури и самите предавачи потенцираа дека се болни законодавни точки, кои може да се објаснат, делумно аргументираат, но примарно да се променат, изменат и дополнат!

„Јас лично сум могу презадоволен од обуката. Прашањата за рекламациите, УЈП, насоките на примена, дефинирањата на роковите, деловните трансакции беа точки за кои учесниците најмногу се интересираа. Се слушнаа доста забелешки, се слушнаа и конструктивни критики и добро е што може овие аргументи да се применат во идно подобрување на Законот. Јас доаѓам од Министерството за финансии и за сите овие искажани работи кои патем ги прибележувам како аргументации можам да кажам дека сериозно ќе се разгледаат“

„Мислам дека остануваат многу прашања да бидат одговорени што секако зависи и од самиот Закон. На пример, прашањето за улогата на УЈП“.

„Обуката е корисна, прашањата се многу актуелни и свесни сме дека одредени нејаснотии се провлекуваат, но тоа е последица на самото законско решение“.

„Организацијата е супер, но она што може да се увиди, а што го коментираат и присутните е дека законското решение произведува многу дилеми. Добро е што се организира ваква обука, па во текот на обуката очекуваме дека предавачот поконкретно низ дебатата со конкретни иинформации ќе ги разјасни поставените прашања“.

„Одлична, прекрасна обука, особено во делот за финсиската дисциплина“.

 „Добра обука. Може да се видат и сите слабости на законот и да се дискутира за нив, да се појасни примената и каде ќе прави проблем во пракса“.

„Мислиме дека ќе има проблеми низ пракса и од она што се укажува за примената не сум баш задоволна бидејќи, веројатно и од причини што Закнот е недоречен, ќе има проблеми. На пример прашањето со рокот од 12о дена. Тоа би бил проблем, а се внесува дополнителна конфузија околу ова прашање“.

„Во секој случај позитивно искуство. На некои прашања се даде одличен одговор, но некои останаа да се дообработат. Тоа секако е прашање и на самиот закон кој од она што се потврдува и низ дискусиите веројатно треба да претрпи измени“