Академик обуки за јавните набавки: Одличните предавања и креативната дебата се дел од импресиите за успешно реализираните обуки

Понеделник, 6 октомври 2014 – АКАДЕМИК одржа две успешни обуки за јавни набавки наменета за договорни органи, а во врска со имплементацијата и практичната примена на одредбите од Законот за јавни набавки. Одлични импресии, квалитетни дискусии, прекрасни предавачи, корисен амбиент за размена на знаења и информации, беа само дел од коментарите на учесниците, кои искажаа голема благодарност што можеа да бидат дел од настан кој навистина беше инспиративен простор за комуникација, интеракција и едукација.

Веќе во својот препознатлив начин на артикулација на темите и процесите кои се од витално значење за примената на прописите кои се современ правен тренд, овојпат на АКАДЕМИК ОБУКИТЕ се разгледаа и дебатираа прашања поврзани со јавните набавки, и тоа, сублимирано – за Советот за јавни набавки (состав и функција), законски обврски на договорните органи во однос на Советот за јавни набавки; Имплементација и практична примена на измените во Законот за јавни набавки во постапките за доделување на јавни набавки: започнување на постапката, технички дијалог, тендерска документација, објава; Електронски систем за јавни набавки.

Потоа се дискутираше за имплементација и практична примена на измените во Законот за јавни набавки во постапките за доделување на јавни набавки: Евалуација, Електронски систем за јавни набавки и избор/поништување на постапката, дополнителни работи со постапка со преговарање без повторно објавување на оглас; Постапување по жалби; Државна комисија по жалби за јавни набавки и казнени одредби.

Обуката започна со извонредната презентација на Татјана Пешевска, дипл. екк. Раководител на внатрешна ревизија при АД МЕПСО Скопје, овластен државен ревизор и сертифициран обучувач за јавните набавки со долгогодишно практично искуство во спроведувањето на постапките за доделување на договори за јавни набавки.

Несомнено, бенефитите од портфолиото и личните вештини на г-а Пешевска веќе од самиот старт на Обуката понудија искрен и професионален пристап во презентацијата, а учесниците на Обуката не го криеја своето задоволство што уште на самиот почеток, беа отворени суштинските прашања поврзани со јавните набавки и примената на одредбите од Законот за јавните набавки и што воедно иницијално започнаа прнципиелно, детално, атрактивно и интеркомуникативно да се разгледуваат.

Кон извонредната презентација на Пешевска, своја одлична контрибуција имаше и Маја Малахова, м-р по правни науки, Претседател на државната Комисија за јавни набавки, професионалец со долгогодишно искуство во областа на јавните набавки, особено во делот на правната заштита и одлучувањето по жалби во Комисијата за жалби по јавни набавки при Владата на Република Македонија, како и претходно искуство како судија и адвокат.

Г-а Малахова, мошне стручно, на начин кој е ерудитски витално корисен за учесниците, се надоврзуваше на прашањата кои се елаборираа, и, како што подвлече таа, внесувајќи пристап кој за учесниците е најцелисходен бидејќи присутните на обуката се запознаени со тематиката на јавните набавки, но потребно им е поинакво, пософистицрано и поедукативно предавање и презентација на информации и знаења.

Кон предавањата на двате предавачки, одлично се надоврза и предавањето на Ирена Стоименова, дипл.екк. Советник за комерцијални работи во АД ЕЛЕМ; Сертифициран обучувач за јавните набавки, со долгогодишно практично искуство во спроведувањето на постапките за доделување на договори за јавни набавки во Министерство за финансии, Град Скопје и АД ЕЛЕМ; искуство во имплементирање на Законите од други области (Закон за градење, Закон за минерални суровини и др.) во склад со Закон за јавните набавки.

Меѓусебната комуникација и надополнување на предавачките изразен низ нивниот професионален пристап и меѓусебното надградување во презентациите, но и начинот на кој кумуницираа со учесниците креираа една атмосфера низ кој се чувствуваше позитивната енергија, желбата за едукација, дознавањето на нови работи и креирањето на нови идеи и предлози во функција на доследно применување, но и подобрување на законодавството и практиката во оние домени каде се препознааат недоречености кои генерираат нејаснотии.

Во таа насока, евидентно беше дека дискусијата нема да се лоцира само кон пренесување на искуствата, туку од широкиот дијапазон на прашања, за што е заслужен позитивниот дух на соработка, а и самата професионална организација на Обуката, која водена од тие претпоставки и цели, побуди силни импресии и кај учесниците и кај предавачите.

„Искуствата на сите нас како договорни органи со сите проблеми и можни решенија е основа за нашето понатамошно правилно постапување во реализација на постапките за доделување договори за јавни набавки согласно законските одредби. На обуката говоревме за практичната примена на Законот за јавни набавки и слободно можам да кажам дека помина низ прекрасна атмосфера. Посебно ме радува што на обуката имаше одличен интерактивен пристап, задоволително беше што заедно со учесниците во рамки на интерактивната дискусија дебатиравме за правилната примена на законските измени и правилното постапување“, потенцираше предавачката Татјана Пешевска, надополнувајќи дека и е особена чест и задоволство што била предавач на ваков настан, кој по многу параметри значи воздигнување на квалитативните теркови на креирањето обуки.

„Практичноста и директноста се голема доблест на овие обуки. Имаше голем интерес, дури и учесниците не сакаа да излезат на кафе пауза. Инаку, дискутиравме за суштински прашања од оваа област. Учесниците беа фантастични. “, подвлече Маја Малахова, м-р по правни науки, Претседател на државната Комисија за јавни набавки.

„Знаете, праксата е најдобар учител. Сум била наобуки, но овие обуки суштински се разликуваат по нивната интерактивност, концентрација на учесниците, значи се на една едукативна фаза на повисоко ниво. И верувам дека секој со себе понесе повеќе знаење и драгоцено искуство“, подвлече Ирена Стоименова, Советник за комерцијални работи во АД ЕЛЕМ; Сертифициран обучувач за јавните набавки.

„Одлична обука“ .

„Обуката го надополни нашето познавање, многу ќе ни користи“.

„Супер обука“.

„Многу сум задоволна од обуката“.

„Корисна обука, убава организација и суштински и визуелно“.

„Да, оваа обука е добро организирана и корисна за нас“.

„Супер едукативно искуство“.

„Ми се допаѓа навистина, има што да се дознае“.

„Се разјаснија многу работи, ни се допаѓа обуката“.

„Обуката е одлично осмислена и секако дека ќе користи многу во практичната работа, а позитивен е и интерактивниот пристап“.

„Внимателно слушавме и може да кажеме дека разјаснивме многу нешта “.

„Разјаснивме некои прашања, добри предавачи и организација“.

„Супер е обуката, многу корисни информации и презентација на праксата“.