/ Прочитано:

1.696

Академик одржа обука на тема „Предизвици во управувањето со ризици во друштвата за осигурување“

Понеделник, 11 мај 2015 – Академик одржа обука на тема „Предизвици во управувањето со ризици во друштвата за осигурување“, за која говореше м-р Коста Спасески, раководител на Одделението за вонтеренска супервизија во Агенцијата за супервизија на осигурување. Учесниците на обуката се запознаа со практичните импликации од примената на новите барања за пресметка на потребниот капитал за солвентност и управувањето со ризици со цел одржување на солвентноста на друштвата за осигурување.

На обуката се говореше за пазарот на осигурување во Република Македонија и  за регулативата што се применува на управувањето на ризици со друштвата за осигурување во РМ, како и за барањата на европската регулатива што се однесуваат на функцијата на управувањето со ризици во друштвата за осигурување во РМ.

Поконкретно на обуката се опфатија прашањата за показателите за вршењето работи за осигурување, за бруто полисираните премии, за каналите на дистрибуција, за показателите за успешност, за финансиските резултати, за осигурително-техничките коефициенти, за приносот од вложувања, за показателите за мерење на солвентноста, за реосигурувањето, за структурата на средствата и за правната рамка која се однесува на управувањето со ризиците.

На обуката се дискутираа и меѓународните аспекти на осигурувањето во делот на единствениот европски пазар, финансиската криза и улогата на меѓународните здруженија.

„Целта на предавањето беше присутните да се запознаат со практичните импликации од примената на новите барања за пресметка на потребниот капитал за солвентност и управувањето со ризици со цел одржување на солвентноста на друштвата за осигурување“, истакнува предавачот Коста Спасески.

Според учесниците на обуката, обуката ги исполнила нивните очекувања и, како што велат, предавањето од страна на м-р Коста Спасески ќе им помогне многу во практичната примена на елаборираните прашања.

„Обуката беше добра, предавачот имаше одлично излагање. Работите што ги слушнавме ќе ни бидат од голема корист во работењето“, вели Бесфорт Имери од „Албсиг осигурување“.

„Согласни сме дека обуката помина во добра организација и со добро предавање. Се говореше за мошне актуелни теми од осигурувањето и задоволни сме што тоа се кажа на јасен начин, со интерактивен разговор“, велат Гордана Ивановска, Катерина Поповска и Билјана Јанеска од „Кроациа осигурување“.

„Ми се допадна обуката. Добро се образложија прашањата, се истакнаа актуелни теми, предавањето беше одлично“, вели Владимир Бубалов од „Уника“ АД Скопје

„Добро е што се анализираат овие прашања на обука. Многу е важно да има континуираност во едукацијата и размената на искуства и мислења. Пожелно е што повеќе да има вакви обуки“, вели Владимир Стојановски од „Сава осигурување“.

„Ми се допадна обуката. Се разбира дека прашањата за кои се говореше на обуката и одговорите кои се дадоа за нив се од голема корист за практичната примена на новите барања за пресметка на потребниот капитал за солвентност и управувањето со ризици“, вели Маја Богдановска од „Еуролинк“.