/ Прочитано:

1.841

Академик одржа обука посветена на катастарските новини и приватизацијата на градежното земјиште

Денеска Академик одржа практична обука посветена на катастарските новини, приватизација на градежното земјиште и трансформација на правото на користење во право на сопственост.

akademik..

На обуката, во врска со прашањата за приватизација на градежното земјиште и трансформација на правото на користење во право на сопственост, беше даден целосен осврт на постапката за приватизација на градежното земјиште, вклучувајќи го и остварувањето на правото на жалба.

akademik..

Се дискутираше и за прашањата што се однесуваат на искористувањето на вонредните правни лекови за стекнување на правото на сопственост на градежно земјиште во постапката на трансформација на правото на користење во право на сопственост пред Агенцијата за катастар на недвижности, во насока на целосно следење и искористување на новите можности што ги нуди Законот за катастар на недвижности (Watch dog, ВИП-постапка и сл.).

akademik..

За овие прашања говореа предавачите Јован Трпевски, член на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, и Славче Трпески, директор на Агенцијата за катастар на недвижности.

akademik..

Трпевски ја образложи целосната постапка за приватизација пред првостепениот и второстепениот орган, постапката која се води пред Управниот суд, како и согледувањето на состојбата од страна на Државната комисија при постапување на првостепениот орган.

akademik..

Во таа насока, на обуката се посвети посебно внимание на начинот на водењето на  постапката и условите за приватизација, на поимникот на определени термини, на практичните примери во врска со спорното право на користење, потоа во кои случаи е дозволена целосна приватизација, а во кои делумна приватизација, се дискутираше за вонредните правни лекови, а беше даден и компаративен осврт на законските новини во однос на новиот Закон за општата управна постапка.

akademik..

Учесниците на обуката посебно се интересираа за новините во катастарот и за новите проекти. За таа цел, Славче Трпески се осврна и на  ВИП-постапката за регистрација на имот, за која истакна дека е брза и скратена, но со доста финеси што треба да се образложат и да се разберат за да се применуваат правилно. Трпески ги појасни и аспектите на дистрибутивниот систем како новина, но и новите проекти – регистарот на градежно земјиште и масовната процена.

„Корисно е што со оваа обука може од практичен аспект да се образложи темата што е предмет на дискусија. Во таа смисла, добивме конкретни одговори на поставените прашања, а тоа е извонредно корисно  за практичното работење“, адвокат Димитар Панчевски.

„Одлична беше обуката и многу ми се допадна излагањето на предавачите. Она што го кажаа ќе ни биде од голема корист“, геодет Стојанче Тодоровски, ГУЦ „Здравко Цветковски“, Скопје.

„На обуката беа предочени многу новини во однос на катастарот и приватизацијата на градежното земјиште и трансформацијата на правото на користење во право на сопственост. Дискусиите беа проследени со одлични образложенија и со размена на искуства“, Билјана Алчева и Милан Смилевски, Македонски телеком.

„Пофални зборови за обуката. Многу добро беа објаснети законските новини. За нас беше од голема корист што можевме да поставуваме прашања и да добиеме директно толкување за примената на законските новини, а во однос на тоа како исправно да се применат и каде да се внимава“, Ѓоко Камчев, Општина Кавадарци.

„Добра беше обуката, корисни презентации, а исто така и корисни практични искуства и насоки“, Стојанче Радически, Генерален секретаријат, Влада на Република Македонија.

„Конструктивни излагања, корисни појаснувања, практично образложување на предметот на обуката, кој за нас, како практичари, е од извонредно значење. Тоа би била мојата оцена за оваа обука на Академик“, адвокат Виолета Петковска.

„Обуката беше проследена со големо внимание од страна на учесниците и имаше  високо ниво на дискусија, што беше инспиративно. Посебен интерес предизвика прашањето за искористувањето на вонредните правни лекови  и тука се посочија  значајни објаснувања кои беа презентирани на стручен начин“, Валентина Андрејевска, Општина Петровец.

„Имаше клучни одговори на голем број дилеми. Предавачите директно се упатени во проблематиката и посочија како да се избегнат оние нејасности што би можеле да се појават при работењето со цел исправно да се применат одредбите и целите на законските решенија“,  Бурим Бајрами, Општина Гостивар.

„Задоволен сум од обуката, како во однос на организацијата, изборот на темата така и од начинот на кој предавачите ја образложија темата“, Златко Георгиевски, БЕГ.

„Имаше богата практичната дискусија. За овој тип прашања, за кои неминовно е добро да се познава постапката, најважно е да има таква дискусија, поткрепена со практични примери и со размена на мислења“ Пепита Стојковска, Општина Велес.

„Како што може да се забележи од коментарите на учесниците, обуката се реализираше во најдобар ред, со конструктивни предавања и во конструктивна атмосфера“,  Славчо Србиновски, Агенцијата за катастар на недвижности.