/ Прочитано:

2.197

Академик одржа обука во врска со спроведувањето на Законот за вработени во јавниот сектор и Законот за административни службеници

Академик денеска одржа практична обука во врска со спроведувањето на Законот за вработени во јавниот сектор и Законот за административни службеници.

fotografija

На денешната практичната обука се разгледаа основните обврски во врска со спроведувањето на Законот за вработени во јавниот сектор, со кој се уредуваат општите начела, класификацијата на работните места, евиденцијата, видовите на вработувања, општите права, должности и одговорности, мобилноста, како и други општи прашања за вработените во јавниот сектор.

fotografija

Исто така, на обуката се говореше и за основните обврски кои произлегуваат од  Законот за административни службеници, со кој се уредуваат статусот, класификацијата, вработувањето, унапредувањето, стручното усовршување и оспособување, мерењето на ефектот и други прашања во врска со работниот однос на административните службеници.

fotografija

Во таа насока, на обуката се дискутираше и за бројни прашања кои се однесуваат на динамиката на усогласување на актите на телата и органите на јавната администрација, на институциите, на јавните организации, на установите и на јавните претпријатија со одредбите на Законот за јавната администрација.

fotografija

Исто така, се говореше и за сите дилеми кои произлегуваат од практичното спроведување на Законот за вработување во јавниот сектор, а беше ставен акцент и на работата и спецификите на Комисијата за одлучување по жалби и приговори на административните службеници.

fotografija

Предавачи на денешната обука беа: Југослав Ѓорѓиевски, државен советник во Министерството за информатичко општество и администрација и Билјана Николовска-Жагар, државен советник за правни работи во Агенцијата за администрација.

fotografija

Низ своите корисни излагања, двајцата предавачи го сублимираа своето практично искуство кон разјаснување на дилемите на учесниците на обуката.

fotografija

На обуката се говореше за опфатот на новите закони за јавната администрација, за функционалната анализа и за класификацијата на вработените во јавниот сектор, за актите за внатрешната организација, како и за актите за систематизација на работните места.

fotografija

Како што посочија предавачите, во актот за систематизација на работните места може да се систематизираат најмногу 10 % повеќе работни места од работните места за кои се обезбедени финансиски средства за плати и надоместоци во буџетот на институцијата, освен за институции со помалку од 30 вработени, во кои може да бидат систематизирани до 50 работни места доколку има зголемување на надлежностите на институциите во согласност со закон, кога бројот на работни места се утврдува во согласност со функционалната анализа.

fotografija

На обуката исто така се говореше и за Годишниот план за вработување и за Кодексот за административни службеници во кој се пропишуваат етичките стандарди и правилата на однесување на административните службеници, а посебно во делот на професионалноста,  непристрасноста, демократските вредности и социјалните права, недискриминацијата, политичката неутралност, личниот интегритет и застапувањето на јавниот интерес.

„Обуката беше извонредна. Се направи добра анализа на сите аспекти кои се однесуваат на Законот за административните службеници и на Законот за вработените во јавниот сектор“, Даниел Јанчев, Агенција за пошти.

„Одлична обука и одлични предавачи! Добивме многу одговори од нив и ви советуваме повторно да ги повикате да предаваат на обука посветена на денешната тематика“, Росица Темелкоска и Билјана Стојанова, Државен студентски дом, Скопје

„Обуката беше навистина корисна со корисни излагањата на предавачите“, Наташа Кочовска Нешовска, Општина Ѓорче Петров.

„Супер помина обуката, многу беше интерактивна, имаше многу дискусии и образложувања за прашањата кои ги поставувавме. Задоволни сме.“, Драган Димитров, Агенција за лекови и медицински средства.

„Многу корисна обука, добри предавачи и добра организација“,Весна Перијоска и Стeфанка Петковска, ЈЗУУК за кардиологија.

„Презадоволни сме од обуката. Се дискутираше за многу прашања. Предавачите имаа корисни осврти. Исто така, имаше и интерактивна атмосфера низ која се разменија мислења со колегите и со предавачите“, Елизабета Атанасова, Градски паркинг.

„Обуката одлично беше реализирана. Имаше многу простор за поставување прашања и добро е тоа што се добија одговорите на прашањата, како и на оние работи што предизвикуваат дилеми во практиката“, Сузана Атанасова, ЈП за државни патишта.