/ Прочитано:

1.646

АКАДЕМИК одржа обука за актуелните законски новини за административните службеници и вработените во јавниот сектор

Понеделник, 9 февруари 2015 – АКАДЕМИК одржа обука за актуелните новини поврзани со Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административните службеници и нивната имплементација. Впечатоците од обуката се одлични. Низ мошне креативна и  конструктивна дебата се одговорија голем број прашања, за што, како што коментираат учесниците, придонесоа одличните излагања на предавачите, но и концептот на обуките на АКАДЕМИК кои секогаш се мотивирани од целта темелно да се пристапи кон елаборација на законските новини и на дилемите што се јавуваат при нивното толкување и при нивната практична примена.

На  оваа обука, која се однесуваше на материја што е од исклучиво значење за административните службеници и за вработените во јавниот сектор, се дискутираа, се анализираа и се појаснуваа прашањата во однос на класификацијата на вработените во јавниот сектор; групите и подгрупите на работните места во јавниот сектор; вработувањето и подготовката на актите за организација и систематизација на работните места за вработените во јавниот сектор и административните службеници; управувањето со ефектите на административните службеници; дисциплинската и материјалната одговорност на вработените во јавниот сектор и административните службеници.

Предавачот Југослав Ѓорѓиевски, управен инспектор во Државниот управен инспекторат, на почетокот се осврна на општите начела и на класификацијата на работните места, а потоа продолжи со анализа на евиденцијата, видовите вработувања, општите права, должности и одговорности, мобилноста, како и на други општи прашања за вработените во јавниот сектор.

Ѓорѓиевски ги елаборираше прашањата поврзани со дефинициите, предметот на законското уредување, класификациите, пополнувањето на работните места, вработувањето, усовршувањето, оценувањето, дисциплинската одговорност, материјалната одговорност и платите, и одделно на сите заинтересирани учесници им одговараше за сите нејасности што ги имаат во врска со  законските одредби и со одредбите од подзаконските акти.

На обуката особена дискусија се разви за вработувањето во јавниот сектор и за прашањата за можната дискриминација и за превенцијата на таа појава, за каталогот на работните места во јавниот сектор како систематизирана листа на работни места во јавниот сектор, организирани во групи, подгрупи, категории и нивоа.

„Се работи за прописи што се новина во македонското законодавство и од тие причини потребни се обуки за појаснување на законодавството во тој дел. Овие обуки се одлична можност да се разјаснат дилемите и прашањата кои се наметнуваат, што е од особена важност за нивната примена“, вели Југослав Ѓеоргиевски.

 Билјана Николовска-Жагар, советник за правни работи во Агенција за администрација, говореше за Законот за вработените во јавниот сектор, како и за предизвиците во врска со законските новитети во тој контекст.

„На обуката посветивме особено внимание на усогласувањето на актите за внатрешна организација и систематизација на работното место, како општи акти што секоја институција треба да ги има за устројување на сопственото организациско работење и на донесувањето на годишните планови за вработување кои се услов без кој не се можни нови вработувања во јавниот сектор. Обуките се многу битни, посебно кога има новини, бидејќи мора да го имаме предвид фактот дека за најголем дел од присутните ова што го зборувавме како практика е сосема ново и за првпат ќе треба да се устројат на еден ваков систем, особено што законот предвидува бројни измени од она што била правна практика досега“, истакна Жагар.

Присутните констатираа дека актуелноста на Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административните службеници произлегува од многуте новини што ги пропишуваат нив, што, како што истакнаа, ја наметнува потребата од одржување практични обуки на кои ќе бидат разјаснети многу дилеми и тешкотии преку практични примери, прашања и одговори, стручна и компетентна елаборација.

Со сугестии и со импресии од обуката, учесниците посочија дека обуките на АКАДЕМИК внесуваат едукативна свежина во толкувањето на правните тематики. За нив е најважно, како што велат, да се добијат одговори што ќе им послужат во делокругот на нивното работење на јасен и применлив начин.

 „Одлична е обуката! Сметам дека  ќе има резултати во работењето“ – Даница Арсова, советник во Одделението за човечки ресурси во Општина Свети Николе.

 „Многу сум задоволен од обуката. Опфатено е сè што нè интересира. Предавачите се компетентни. Се одговора на прашања што нè засегаат“  –  Драги Чавдаров, соработник за правни работи и човечки ресурси во ЈП  за енергетски дејност „Струмица гас“

 „Одлична е обуката. Ние редовно доаѓаме на овие обуки бидејќи се корисни за оние што го работат она што се елаборира на обуката“ – Ивона Мифишева, правник во Секторот за правни работи во Агенција за аудио и аудиовизуелни услуги

 „Одлична е обуката. Презадоволна сум од предавачите. Добивме корисни и практични информации“ – Лилјана Станоевска, правник во Здравствен дом – Скопје

 „Не ни е првпат да присуствуваме на обуките на Академик и сме многу задоволни. Се зборува на интересни теми кои не се доволно разјаснети во законските прописи и со обуките успеваме да дојдеме до одговори на прашањата што не ни се разјаснети или кога не знаеме како да постапиме по одредени одредби. Моја препорака е Академик и во иднина да продолжи со вакви обуки кои се во интерес на сите вработени во јавниот сектор, во администрацијата, итн.“ – Александар Китевски, правник во Општина Охрид

„Јас сум многу задоволна од обуките на Академик. Веќе две години ги користиме услугите на Академик, и очекувам и во иднина повеќе вакви обуки“ – Весна Ќосевска, правник во ЈП „Пазари“ – Прилеп

 „Обуката е одлична. Сметам дека многу ќе ни користи во практика“ – Мери Мрмеска, раководител на Правниот сектор во ЈКП Долнени

 „Почеток е сега со овој закон, но од излагањата на предавачите сум навистина задоволен“ – Слободан Анчев, секретар  на ЈКП Комуналец – Свети Николе

 „Доста се солидни обуките што ги организира Академик . Ние постојано учествуваме. Избирате одлични предавачи. Идеите, мислењата и предлозите ви се издржани“ – Кирил Макаровски, раководител на Сектор за општи и правни работи во Општина Свети Николе

 „Првпат доаѓам на обука од Академик и навистина сум задоволна. Прилично практичен пристап имаа предавачите бидејќи најчесто ние, учесниците, тоа и го бараме, како ќе ги примениме законите во практиката. Имав дилема дали да дојдам, да не биде само повторување на закони и правилници, бидејќи секој сам може да си го прочита законот, а битно е да се даде одговор на прашања што произлегуваат од него, но навистина не се покајав“ –  м-р Офелија Христовска, генерален секретар на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.

Обуката беше успешно спроведена и, според мене,  ќе биде од голема корист за сите“ – Луме Адемоглу, секретар во Здравствен дом – Македонски Брод. 

 „Обуката е многу корисна за нас бидејќи сега е време на новите правилници, а овие обучувачи се тие кои можат да нè насочат како подобро да стигнеме до одговор на некои прашања. Јас сум посетил неколку обуки на Академик и сметам дека обуките се навистина добро организирани со квалитетни предавачи што ја познаваат материјата“ – Ирфан Хазари, раководител на Одделението за човечки ресурси во Општина Теарце

 „Сметам декаАкадемик треба почесто да организира вакви обуки. Ако ме прашувате мене, неколку дена треба да траат обуките бидејќи има многу нејасности што произлегуваат од законските решенија“  – Лидија Јорданова, правник во СОУ „Коле Нехтенин“ – Штип

„Задоволна сум од обуката. Многу работи ни се појаснуваат тука. Во секој случај, можам да констатирам дека обуките на Академик се многу корисни“ – Вера Крстевска, советник на директорот во ЈП „Паркови и зеленило“.

Обуките се многу корисни. За секоја новина треба обука“ – Костадинка Силјаноска, раководител на Кадровска служба во „Водовод и канализација“ – Скопје

М.В/veljanoskim@akademik.mk