/ Прочитано:

1.870

Академик одржа обука за измените на ЗПП, со фокус на доказната постапка и на стопанските спорови

Примена на измените на Законот за парничната постапка беше темата на обуката во организација на Академик, која се одржа вчера во присуство на голем број учесници.

akad 2

Во фокусот на обуката  беа последните крупни измени на Законот за парничната постапка, со посебен акцент на прашањата што  се однесуваат на стопанските спорови и на доказната постапка.

akad 2

За таа цел, на обуката беа дискутирани прашањата за задолжителното водење на записник во форма на тонски запис, зголемувањето на вредноста на предметот на спорот за спорови по имотно-правни барања по кои постапува судија поединец, начинот на кој странките го остваруваат своето право да дојдат до документите, доказната и жалбената постапка, вкрстеното испрашување, постапката по платен налог и постапка по судски налог, постапката по приговор по нотарски платен налог, измените во однос на побивањето на пресудата и учеството на медијацијата во стопанските спорови.

akad 2

Исто така,  на обуката се дискутираа и  измените на Законот за парничната постапка од 2010 година, а воедно, низ интерактивна дискусија беа презентирани бројни практични примери  и примери од судската пракса поврзани со примената на ЗПП.

akad 2

Предавачи на обуката беа проф. д-р Кирил Чавдар, судија во пензија и автор на „Коментарот на Законот за парничната постапка” и  Антоанета Димовска, судија во Основниот суд Скопје 2.

akad 2

Судијката Димовска, во врска со измените на ЗПП, подвлече дека застапниците, како што е регулирано во измените, ќе станат многу поактивни во постапката и дека ќе треба да бидат добро подготвени во однос на испрашувањето на сведоците, во изведувањето на доказите, како и пред поднесувањето на тужбата, посебно во предметите каде што е задолжителна медијацијата.

akad 2

Според професорот Кирил Чавдар, исто така, едно од суштинските прашања во новите измени на ЗПП е токму прашањето на сослушувањето на сведоците. Чавдар нагласува дека за да се подготват застапниците за „вкрстеното испрашување“, потребно е да ги ползуваат и искуствата од ЗКП, како и стручните елаборации и анализите во врска со таа тематика.

akad 2

„Несомнено е дека за да се стекнат тие познавања, мора да има вакви обуки на кои ќе се образложи прашањето за доказната постапка и испрашувањето. Јас веќе и подготвувам коментар во врска со ова прашање, но и за низа други прашања поврзани со измените на ЗПП, па  сигурен сум дека преку вакви практични обуки и преку стручна елаборација ќе се дојде до посакуваните одговори“, подвлече професорот Чавдар.

akad 2

Судијката Димовска и професорот Чавдар, образложувајќи ги законските измени и новините во ЗПП, одговараа и на низа прашања од присутните учесници, посебно во делот на доказната и жалбената постапка и задолжителната медијација.

akad 2

Голем дел од учесниците потенцираа дека за нив било чест и задоволство  што имале можност да ги слушнат „легендарниот професор Чавдар и почитуваната судијка Димовска“ како ги образложуваат законските измените и какви се нивните совети во таа насока.

„Штом е тука Кирил Чавдар, не се ни сомневав дека обуката ќе биде извонредна. Се работи за човек со големо професионално искуство и кој има што да каже од сите правни аспекти. Образложи многу практични примери и искуства кои ги стекнал низ работењето и советуваше како да се постапи, а конкретно и во однос на новите законски измени на ЗПП“, Бранкица Т. Димулкова, ЈП за управување и заштита на повеќенаменското подрачје „Јасен“ – Скопје.

„Обуката на Академик во врска со последните измени на Законот за парничната постапка за нас, како учесници, беше мошне корисна и јас позитивно ја оценувам од организациски аспект, но и од она што го образложија предавачите“, вели Владимир Ивановски, БЕГ.

„Предавачите на обуката беа одлични. Од излагањето на професорот Кирил Чавдар можат да извлечат навистина корисни заклучоци, кои се многу значајни за практичното работење, особено на адвокатите“, адвокат Љупчо Ристоски.

„Задоволни сме од обуката. Имаше корисни предавања и за нас ќе биде од голема корист“, Стефанија Тодевска и Христина Наумовска, Адвокатско друштво „Чукиќ и Марков“.

„За обуката посебно треба да се издвои интерактивниот начин на кој се водеше дебата. Се поставуваа прашања, се добиваа одговори, а целиот тој интерактивен концепт на обуката за нас, како практичари, значи многу “, адвокат Валентина Калкашлиева Џолева.

„Најважно за обуката е да биде од корист за учениците, па така и оваа обука одговори на многу дилеми што треба да се разјаснат и да се образложат за примената на Законот за парничната постапка, кој е закон од големо значење и за граѓаните и за правничката и за стручната фела“, Дарко Качаков, Општина Дојран.

„Јас сум многу задоволна од оваа обука. Предавачите беа одлични, дадоа концизни насоки во врска со темата на обуката, односно за законските измени“, Андријана Марковска, „ЕВРОИНС осигурување“.

„Многу добра обука! Презадоволен сум од излагањата на предавачите и од организацијата. Се образложија работите и од теоретско и од практично гледиште“, Сулејман Максути, „ИНСИГ осигурување“.

„За обуката може да се заклучи дека одговори на своите цели, а тоа е да се објаснат крупните измени на Законот за парничната постапка. Мислам дека сите учесници се согласни и во меѓусебните разговори констатиравме дека се наоѓавме на мошне корисен настан“,  Татјана Сугарева, Фонд за здравство.

„Добра беше обуката, со бројни образложувања од практиката, проследени со коментари за новите законски измени“, адвокат Елена Младеновска.

„Ми се допадна обуката. Се работи за нов закон, па пожелно е да има уште вакви обуки“, Љупка Новеска, адвокат.

„Предавачите на обуката убаво го појаснија новиот Закон, односно новините во ЗПП. Голем интерес предизвикаа примерите од судската пракса и учеството на медијаторите“, Донка Гачовска,  Македонска пошта.

„Интересна и корисна обука. Се работи за многу комплексно прашање и ќе треба дополнително да се проучат уште многу работи во однос на примената. Инаку, оваа обука, конкретно, објасни многу суштински прашања“, Михајло Михајловски, Министерство за финансии.

„Во ред беше обуката. Имаше интеракција, предавачите имаа добри образложенија. Многу беше значајна дискусијата за вкрстеното испрашување, кон што треба  да се фокусираат застапниците “, Гоце Нестороски, Адвокатско друштво „Бранко Кузмановски“.

„Многу нови работи поврзани со законските измени се разјаснија на оваа обука, и во однос на измените за стопанските спорови и за начинот на кој странките го остваруваат своето право да дојдат до документите, потоа за доказната и жалбената постапка. Предавачите го поткрепија тоа со корисни примери. Судијката говореше за судските аспекти, а професорот сподели бројни примери од неговата работа како практичар“, Светлана Богоевска, Осигурување Македонија.