/ Прочитано:

2.041

АКАДЕМИК одржа обука за најактуелните теми од областа на архивистиката и канцелариското работење

Четврток, 12 февруари 2015 – Академик одржа уште една успешна обука посветена на новините и прашањата од областа на канцелариското работење и архивистиката. Актуелноста на оваа тема отвори серија прашања што им се наметнуваат на субјектите од јавниот и приватниот сектор при практичната примена на законските новини, за кои се дискутираше на обуката организирана од Академик и кои, на големо задоволство на публиката, беа одговорени.

Учесниците на оваа обука, како што е случај и секогаш на обуките организирани од Академик, го збогатија своето професионално портфолио со извонредно приопштената анализа на конкретните области од архивистиката и канцелариското работење. Низ практичните примери и појаснувања се разви  интерактивна и полезна дискусија, што е всушност и одлика на обуките во организација на Академик.

Она што е впечатливо за обуката е што учесниците можеа да ги искажат своите проблеми при промената на прописите низ практиката, но и да дадат предлози за кои сметаат дека би било полезно да бидат дел од законодавството од областа на архивистиката и канцелариското работење. 

Предавачот Југослав Ѓорѓиевски, управен инспектор во Државниот управен инспекторат, детално се осврна на подзаконската регулатива поврзана со новините за канцелариското и архивското работење, поконкретно на Уредбата за канцелариско и архивско работење, на Упатството за начинот и за техниката за постапувањето со архивскиот и документарниот материјал во канцелариското и архивското работење, на прекршочните глоби и практичната примена. 

 На обуката се разгледуваа и се дискутираше за повеќе прашања поврзани со тематската проблематика, а особено, како што впрочем се наметнуваа и прашањата од учесниците, се елаборираа прашањата за приемот, прегледувањето и распоредувањето на документите, нивното заведување, доставување, административно-техничка обработка, испраќање, прегледување и распоредување на документите; заведување на документите и на записите во деловодник и други евиденции; употребата на печати и штембили, роковен штембил; прашањата за деловодникот и планот на архивски знаци; како и чувањето на архивскиот материјал. 

Новините во Законот за архивски материјал и подзаконските акти за архивското работење и нивната практична примена одлично ги објасни проф. д-р Ацо Ангеловски. Ангеловски,  човек од теоријата и практиката, односно како универзитетски професор и како инспектор во Државниот архив на Република Македонија, извонредно ги спои теоријата и практиката во единствена презентација. 

Во пошироката елаборација на професорот Ангеловски се опфатија прашањата  за заштитата, чувањето, обработката и за користењето на архивскиот материјал, за инспекцискиот надзор и за надлежностите на Државниот архив на Република Македонија. 

Во таа насока учесниците се интересираа за обврските на имателите на архивски и документарен материјал, при што посебно беа образложени прашањата како: обврска на заштита, чување и одржување на архивскиот и документарниот материјал; водењето евиденција за архивскиот и документарниот материјал; достапноста на архивскиот и документарниот материјал на јавноста; начинот на прием, прегледувањето и распоредувањето на архивскиот и документарниот материјал; обележувањето на архивскиот и документарниот материјал и навременото враќање; класифицирањето и средувањето на архивскиот и документарниот материјал и водењето евиденција на архивскиот материјал. 

Обуката се заокружи со интерактивна дебата преку која учесниците, и покрај заокружувањето на излагањата, продолжија да разговараат и да добиваат одговори од предавачите, кои истакнаа дека им претставува задоволство и им е од огромно значење што беа дел од креативниот  настан. 

„Обуката е одлична, но законите се многу конфузни. Ми се допадна обуката, но морам да признаам дека некои работи во законите се несфатливи. Предавачите убаво ги објаснија сите прашања, но пак мислам дека се нелогични законите“, Маја Манасова, менаџер во „Шипад мебел“ ДОО Скопје

„Овие новини отворија многу прашања и мислам дека ќе треба уште време за да се проучат од наша страна. Обуката е од голема корист и многу ни помага во тоа“, Јулијана Камчева, архивар во Државна видеолотарија

„Одлична е обуката, има извонредни предавачи. Задоволна сум како се објаснија прашањата што беа поставени и како се одговорија“, м-р Ана Секуловска Јовковска, Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Факултет за информатички и комуникациски технологии – Битола

„За нас како јавен сектор е важно едно, а за приватниот нешто друго. Мислам во однос на темата на обуката. Можеби треба да се има различен пристап кон едните и другите. Инаку, обуката е многу добра“, Арсим Нуредини Фатон Шабани, Општина Тетово

„Добра обука, одлични предавачи и организација“, Розалија Наскова, „Комуналец“ Неготино

„Вториот дел од обуката особено ме воодушеви. Предавачот навистина има големо искуство од областа и многу убаво ги разјаснува дилемите“, Јагода Дренковска, Факултет за електротехника и информациски технологии – Скопје

„Одлична обука.  Предавачот Ангеловски беше извонреден“, Ирена Николовска, офис менаџер, „Арс ламина“

„Навистина обуката ги исполни нашите очекувања. Се разработија сите работи што се наметнуваат како дилеми во практиката. Организацијата е одлична и убаво е да се биде дел од ваква обука“, Марјанчо Стоилковски и Сашко Трпчевски, „Дрисла“ ДОО Скопје

„Многу, многу ќе ни користи во практиката. Убава организација,предавачите на ниво. Презадоволни сме“, Сања Николовска и Маја Груевска, „Индо минералс и металс“ ДООЕЛ

„Корисна обука, убаво обмислена, замислата е одлична. Помина во одличен ред“, Виолета Божиновска, Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје

„Мене ми беше навистина задоволство да присуствувам и да ги слушам предавачите. Имаше и дискусија, поставуваме прашања и мислам дека е тоа многу важно за една обука наместо само да се предава“, Сирма Костовска, „Сенатор Македонија“ ДОО

„Одлична обука, дознавме многу!“, Ана Крстовска, „Енергомаркет“

„Детално се разработи темата на обуката. Ова е многу корисно искуство и е од големо значење за сите што се засегнати со овие прашања. Предавачите, исто така, беа одлични“ Симона Трајкоска, „АФ-Цонсулт“ ДООЕЛ Скопје