Академик одржа обука за најактуелните теми од областа на катастарот и градежното земјиште

Академик одржа обука за најактуелните теми од областа на катастарот, градежното земјиште и правата врз инфраструктурни објекти.

Предавачи на обуката беа Борис Тунџев – директор на Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија и државни советници од Агенцијата, кои детално се осврнаа на предложените измени на Законот за катастар на недвижности во врска со уредувањето на градежното земјиште, запишувањето права врз инфраструктурни објекти, како и во врска со прашањето за е-кат шалтер.

Обуката во организација на Академик, која предизвика голем интерес, беше реализирана со цел надминување на проблемите со кои се соочуваат физичките и правните лица од сите сфери, како и за навремена подготовка на субјектите за примена на предложените законски решенија.

Во таа насока, на обуката, покрај предавањата за најзначајните прашања  во делот на законските новини за катастарот и во делот на градежното земјиште, беа елаборирани и бројни примери од практиката и специфични случаи.

„Предавањата на обуката беа поткрепени со многу примери од практиката. Предавачите имаа многу корисни презентации и беа многу подготвени да одговорат на прашањата што ги поставуваа учесниците. Се дискутираше за секој проблем, за секоја дилема што постои во практиката. Обуката навистина беше одлична“, коментираат учесниците на обуката.

„Темата на обуката беше одлично презентирана од предавачите и беа дадени одговори на сите прашања поставени од учесниците“.

„Потребни се вакви обуки почесто во интерес на квалитетната работа“.

„Целта на обуката беше во целост исполнета“.

„И во иднина треба да се одржуваат вакви обуки“.

„Целта на обуката беше исполнета, предавачот беше одлично подготвен, а организацијата исто така беше одлична“.

„Обуката беше советодавна и практична“.

„Предавачот беше одлично подготвен и одлично го пренесе своето знаење“.