/ Прочитано:

2.826

АКАДЕМИК одржа обука за новините и за примената на новиот Закон за градежно земјиште

Среда, 11 март 2015 – Академик одржа обука за новиот Закон за градежно земјиште, на која пред големиот број учесници се предаваше и дискутираше за новините во Законот за градежно земјиште и за сите дилеми што произлегуваат околу неговата практична примена.

Со новиот Закон за градежно земјиште се уредуваат правата и обврските во поглед на градежното земјиште, уредувањето на градежното земјиште, условите и начинот на располагање со градежното земјиште, како и други прашања од областа на градежното земјиште.

Содржината на законските новини и нивната практична примена отвораат многу прашања што треба да се елаборираат, да се објаснат и за кои треба интерактивно да се дискутира.

За сите овие актуелни прашања на обуката одговор дадоа предавачи од Министерството за транспорт и врски, кои како непосредно упатени во проблематиката на најдоследен начин  говореа за прашањата околу практичната примена на законското решение за градежното земјиште.

Стојанче Донев, раководител на Секторот за вршење надзор при Министерството за транспорт и врски, предаваше за надзорот над спроведувањето на постапките.

„На обуката стануваше збор за новиот Закон за градежно земјиште, се елаборираа сите прашања кои се новитет. Костурот е задржан од стариот закон, но има новини во однос на роковите, новини во однос на поекспедитивното и поефикасното работење, во однос на надзорот и на постапките, но сето тоа во насока на порационално остварување на правата од граѓаните“, вели предавачот Стојче Донев.

Стојанче Донев, раководител на Секторот за вршење надзор и Дејан Митески, раководител на Одделот за јавно наддавање при Министерството за транспорт и врски

Дејан Митески, раководител на Одделот за јавно наддавање при Министерството за транспорт и врски,  предаваше  за отуѓувањето и давањето под закуп на градежно земјиште по пат на јавно наддавање.

„Ги разгледавме новините во Законот за градежно земјиште, новините во однос на постапките за отуѓувањето и давањето под закуп на градежно земјиште по пат на јавно наддавање и специјалниот софтвер со кој би им се олеснила работата и на административните службеници и на граѓаните“, вели предавачот Дејан Митевски.

Анета Јорданова, раководител на Одделение за непосредна спогодба при Министерството за транспорт и врски

Анета Јорданова, раководител на Одделение за непосредна спогодба при Министерството за транспорт и врски, предаваше за отуѓувањето и давањето под закуп на градежно земјиште со непосредна спогодба.

„Предмет на презентацијата е новиот Закон за градежно земјиште, во кој најбитна измена е целокупната постапка за водење на постапките по електронски пат.  И како новина во Законот е правото на пренесување сопственост на јавни претпријатија и акционерски друштва формирани од Владата и Собранието на Република Македонија, и запознавање на општините како органи кои треба да ги водат постапките со самата постапка со предметите за градежно земјиште“, вели предавачката Анета Јорданова.

Учесниците на обуката коментираа дека многу работи во однос на законските новини им се разјасниле на најдобар можен начин и го поздравија начинот на кој концепциски им беше презентирана примената на законските новини.

„Обуката е многу добра. Одлични се елаборациите и предавачите. Задоволни сме како предаваа и сметаме дека ова што го слушневме ќе ни користи многу“, Татјана Стојческа, Маринела Јовеска и Горан Апостоловски, Општина Прилеп.

„Особено ми се допадна како предаваа предавачите. Многу јасно, убаво образложено. По ваквото предавање сигурно дека го запомнивме она што ни е најбитно и што сега ќе можеме да го примениме и да го приспособиме во нашето работење“, Југослав Волчески, Општина Македонски Брод.

„Супер е обуката, навистина. Но имаме една забелешка, а тоа е што треба што почесто да правите вакви обуки. Навистина има што да се слушне и да се дознае“, Даниел Делов, Гордана Тодороска Шокаровска и Ванчо Колевски, Општина Кавадарци.

„Одлично е организирана обуката. Овие работи треба да се следат, посебно кога се работи за нови законски решенија. Сега тука општините се ставени во еден предизвик и добро е што постои вакво нивно вмрежување на едно место да разменат искуства, но и да дознаат повеќе од другите институции“, Кире Доневски, Општина Аеродром.

„Ги слушавме со внимание предавачите и одлични се. Тоа е многу важно за една обука, задоволни сме од нив“, Општина Центар.

„Сè помина во најдобар ред, од почетокот до крајот. И организацијата е убава, и тоа како се зборуваше за новиот Закон за градежно земјиште. Убава обука“, Марија Јовановска, Општина Македонска Каменица.

„Новините кои се образложија за новиот Закон за градежно земјиште нам ќе ни бидат од голема корист, затоа и сме тука. Од тој аспект обуката нам ќе ни биде од голема полза во практичното работење и задоволни сме“,  Соња Миленкова и Михајло Илиевски, Општина Битола.

„Обуката е супер организирана. Предавачите се фантастични, убаво дискутираа за темата“, Деан Стојанов, Ангела Чичевалиева, Зоран Мрчановски, Драган Симоновиќ и Пепи Димков, Општина Велес.

„ Многу ни се допаднаа предавањата на обуката. Токму тоа што требаше да се слушне, го слушнавме. Секако за нас ова ќе биде многу значајно во практиката“, Александра Трајковска и Драган Јовановски, Општина Куманово.

„За да се објасни што е ново во Законот за градежно земјиште мора да постојат и вакви обуки. А за да се објасни добро тоа, како што е случајот со оваа обука, исто така требаат и предавачи кои знаат. Можам да кажам дека предавачите навистина беа на нивото на својата задача“, Живка Михајлова и Невенка Нотевска, Општина Пробиштип.

„Презадоволни сме од обуката, солидна организација и добри предавачи“, Павлина Барамачева  и Виолета Петрушевска, „Стопанска банка“ АД Скопје.

„Браво за обуката. Многу корисно, многу убаво образложено и организациски поставено. Браво“, Кристина Здравковска и Цветанка Михаилова, „Комерцијална банка“ АД Скопје.

„Не би должел многу. Обуката е одлична, впечатоците се тие!“, Розита Матеска и Билјана Костовска, Акционерско друштво за изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор од значење за Републиката – Скопје.

„Доаѓам на обуките на Академик и одлични се. Има многу време да се говори, да се дискутира, тоа е голема предност. Конкретно за оваа обука добро е што и ние кои директно сме вклучени во аспекти на оваа област можеме да препознаеме квалитет во презентациите затоа што и практично го користиме тоа. Се кажаа многу корисни работи. Се разбира, повторно ќе бидеме дел од идните обуки на Академик кои се однесуваат на нашиот делокруг на работа“, Бобан Димоски, „Масон инженеринг“.