/ Прочитано:

2.789

Академик одржа обука за новините во Законот за прекршоците, Законот за инспекциски надзор и други материјални закони во однос на жалбената постапка

Академик одржа обука за примената на Законот за основање на Државна комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка, новините во врска со Законот за инспекциски надзор и Законот за прекршоците, како и другите материјални закони во корелација со остварување на правната заштита пред Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка.

akad 1

На обуката на тема „Новиот Закон за прекршоците, новитетите од Законот за инспекциски надзор и другите материјални закони во кореалација со остварување на правната заштита пред Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка”, се говореше за примената на Законот за основање на Државна комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка, овластувањата и законските основи по кои постапува Државната комисија, начинот на работа и одлучување на Државната комисија, примена на Законот за инспекциски надзор и другите материјални закони во остварувањето на правото на жалба пред Државната комисија против решенијата донесени во првстепен во инспекциска постапка.

akad 1

Исто така, на обуката се даде и осврт на одлучувањето во жалбената постапка против решенијата донесени во прв степен во инспекциска постапка и осврт на одлуките донесени во прв степен од прекршочен орган за кои може да се поднесе жалба до Државната комисија, а се говореше и за примена на Законот за прекршоци и другите изменети материјални закони кои содржат прекршочни одредби, а во кои е предвидено правото на жалба пред Државната комисија.

akad 1

На обуката, предавачите Александар Софронијоски, претседател на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка и Симона Лескароска, заменик – претседател на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапк, одговораа и на поставените прашања од страна на присутните и дилемите кои произлегле од новиот Закон за прекршоците, новитетите од Законот за инспекциски надзор и другите материјални закони и при остварувањето на правната заштита пред Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка.

akad 1

Предавачите одговораа на поставените прашања од страна на присутните и ги разјаснуваа дилемите кои произлегле од новиот Закон за прекршоците, новитетите од Законот за инспекциски надзор и другите материјални закони, како и за остварувањето на правната заштита пред Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка. Како што истакнаа тие, Државната комисија во постапката за решавање по жалби ги применува одредбите од ЗОУП, Законот за инспекциски надзор и Законот за прекршоците, доколку со закон поинаку не е уредено, како и останатите материјални закони во кои е предвидена надлежност на комисијата.

akad 1

„Во правниот систем на Република Македонија, до донесувањето на новиот Закон за прекршоците не беше регулирано правото на жалба против одлуките за прекршок што се донесени од орган на државната управа или организација и друг орган што врши јавни овластувања, кога со закон е пропишано тие да одлучуваат во прекршочна постапка. Во овие случаи лицето против кое е донесена таквата одлука имаше право директно да заведе управен спор. Со таквото решение Управниот суд беше доведен во ситуација постојано да прима тужби против одлуки за прекршоци, кои се во огромен број и не можеше навремно да бидат решени. Со цел да се надмине ваквата состојба, како и да им се овозможи право на жалба на граѓаните и во одлуки донесени во прекршочна постапка пред тело кое ќе биде специјализирано за таа област и кое поефикасно ќе ги решава жалбите се формира Државна комисија која се покажа како ефикасно решение во однос на одлучувањето во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен“, истакнува Софронијоски.

akad 1

Во однос на одлучувањето во втор степен во областа на инспекцискиот надзор, додава тој, до формирањето на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка беше предвидено во вакви случаи жалба да се поднесува до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

akad 1

„Со оглед на бројот на предмети во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, а имајќи го во предвид и карактерот на жалбените постапки против актите на инспектори, со формирањето на оваа комисија која ќе постапува по овие акти ќе придонесе за поголема ефикасност во решавањето на предметите, но истовремено ќе им овозможи на субјектите на надзорот и поголема заштита на нивните права и правни интереси во инспекциските постапки. Со формирањето на посебна Државна комисија која ќе решава во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка, од една страна им се гарантира правото на жалба на граѓаните против наведените одлуки, а од друга страна се овозможува поголема ефикасност, економичност и стручност на решавањето на истите“, појаснува Александар Софронијоски, претседател на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка.

akad 1

„Ваквите обуки се од големо значење посебно кога се работи за нова законска регулатива и формирање на нов државен орган. Преку ваквите обуки поефикасно се надминуваат дилемите кои се појавуваат во праксата со активно учество на слушателите на обуката, односно оние кои ги применуваат законите во секојдневното работење преку поставување на прашања и дилеми кои се појавуваат во текот на работењето. Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка е нов државен орган кој е самостоен во својата работа и има својство на правно лице. Законот за основање на Државна комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка отпочна со примена на 1 февруари 2015 година“, Симона Лескароска, заменик – претседател на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка.

akad 1

На обуката присуствуваа претставници од прекршочните органи, претставници од инспекциските служби, адвокати, како и претставници од приватниот сектор. Тие велат дека обуката за нив била од исклучителна корист, особено затоа што имале можност на непосреден да ги добијат бараните одговори поставени до претставниците на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка.

„Обуката е многу добра, позитивно е тоа што се тука преставниците од Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка, па може и директно да се слушнат нивните објаснувања„  – Јасмина Лазаревска-Ставровска, овластен градежен инспектор и Игор Никоски, раководител на одделение во Општина Кисела Вода.

„Пофалби за обуката, новите законски решенија се појаснуваат одлично, корисна е за нас во секој случај. Добри се предавањата, добри се појаснувањата, задоволни сме“, – Методи Мицевски и Александар Сапроновски, Царинска управа на Република Македонија.

„Солидна, мошне солидана обука, се тече во најдобар ред досега. Задоволен сум од презентациите и од организацијата. Прашувавме и добивавме одговори, а тоа е најважно на една обука, да има објаснувања“ – Кирил Божиноски, правник, ГД Гранит АД Скопје.

„Интересно конципирана обука, има добри образложенија, предавачите ги објаснуваат новитетите и добро е што има интерактивен пристап, дискусии, размена на мислења, бројни прашања“, – Хари Ајцев, правник, Македонски телеком АД Скопје.

„Обуката е убаво осмислена и реализирана, но, сепак се работи за голема и екстензивна проблематика, па би можело фокусот кон темите да биде поодвоен. Да речеме, за Законот за прекршоците има многу што да се говори, а тоа прашање засебно треба да биде анализирано и дускутирано“, – Лилјана Ристовска, виш инспектор и Марина Здравева, советник за управни правни работи, Државен здравствен и санитарен инспекторат.

„Како инспектори, констатираме дека  на обуката многу од новините се разјаснија, ние ги прашувавме предавачите како некоја одредба би се применила низ праксата и тие добро образложија, знаете тие дилеми мора да се разјаснат бидејќи законските решенија мора да се применуваат, особено пак, делот околу одмерувањето на казната кој беше доста елабориран на обуката“ – Силфана Ончева, Билјана Шуркова Манаскова и Славица Переска, инспектори од Општина Велес.

„Се искажаа многу корисни презентации, обуката има супер едукативен пристап. Ние сме задоволни од начинот на кој предавачите одговараа на прашањата . Во таа смисла, од големо значење е што можевме да разовараме како одредбите да се толкуваат и применуваат и да посочиме што всушност создава или би создало двоумици низ праксата“, Весна Јанчевска и Вера Димитриеска, Народна банка на Република Македонија.

„Не сме првпат на обуките на Академик и навистина се одлични. Оваа обука исто така ја вбројуваме во редот на таквите обуки. Имаше корисни предавања и  доволно време за дискусија. Од голема корист е што се говореше за примената на Законот за прекршоци и другите изменети материјални закони кои содржат прекршочни одредби, а во кои е предвидено правото на жалба пред Државната комисија“, Вилма Апостолска и Елена Ѓошевска-Стојановска, инспектори од Општина Аеродром.