/ Прочитано:

2.072

АКАДЕМИК одржа Обука за новитетите во Законот за градење, даночните аспекти на градењето и безбедност и здравје при организирање и изведување на градба

Петок, 4 јули 2014 – Тргнувајќи од практиката на доследно проследување на правната динамика на законодавните актуелности и прашања, Академик  успешно одржа уште една Обука, овојпат посветена на новитетите во Законот за градење со целосен практичен опфат на сите фази на градењето со практични примери, новитети во Законот за градење, даночните аспекти на градењето и безбедност и здравје при организирање и изведување на градба.

На првиот дел од обуката посветен на новитетите во Законот за градење со целосен практичен опфат на сите фази на градењето со практични примери, предавачот доц. д-р Дарко Спасевски од Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје ги елаборираше прашањата за главни законски елементи на Договорот за градење, главните договорни елементи на Договорот за градење.

Исто така, во таа насока, се разгледа и самото одобрение за градење во повеќе можни прави ситуации и повеќе лица како соинвеститори, заштитните одредби за инвеститорите на градбата, техничките одредби во договорот како надзор, организација на градилиште, водење на книги, престанокот на договорот за градење и правни последици од престанокот на договорот за градење. Обучувачот Спасевски својата презентација и предавање ги имаше конципирано со силен спектар на научни и практични експликации со што на своето излагање му даде повисок степен на академски квалитет.

Вториот дел од обуката  беше е посветен на новитетите во Законот за градење и се разгледаа прашања за промени во постапката за изработување на урбанистичко планска документација, новости во постапката за издавање на одобрение за градење, нови надлежности на Градот Скопје при издавање на одобрение за градење, надлежности на општините при доградба и надградба, надлежност за фасадите, промена на инвеститор при фазите на градење.

Она што предизвика особен интерес беше прашањето за новиот правилник поврзан со е-одобрение за градба, новиот правилник околу лиценците за управител на градба, проектирање на градба, ревизија на проектна документација, изведувач на градби, надзор над изградба и упрвител на одржување. Обучувач на вториот дел од обуката ќе биде претставник од Министерството за транспорт и врски на РМ. На вториот дел од обуката говореше Дивна Анастасова,  помошник раководител во Сектор за документирање и управување со градежното земјиште во Министерството за транспорт и врски.

Обучувач на третиот дел од обуката беше Славко Лазовски, експерт за даноци, чија презентација беше фокусирана кон даночните аспекти на градењето. Лазовски со своето искуство и упатеност во проблематиката, на мошне непосреден начин ги објаснуваше прашањата за даноците и градењето. Тој се концентрираше на неколку клучни точки кои се поврзани со легислативно-даночните елемети на градењето и на задоволство на присутните предизвика интерактивна дебата низ која се разгледаа многу од тематските прашања.

За таа цел, тој детално ги анализираше и дискутираше Законот за данок на додадена вредност, Законот за даноците на имот, (не)изразување на ДДВ и конечно изразување на ДДВ во текот на градење, даночни стапки за ДДВ за градење, настанување на даночна обрска за градителот, продажба на станови, пребивање на даночни обврски при изградба.

На четвртиот дел од обуката, Горан Поповски, инспектор за безбедност и здравје при работа во Државниот инспекторат за труд, се осврна на прашањата за безбедност и здравје при организирање и изведување на градба и тоа: Одговорност на инвеститорот и изведувачот на градбата, одговорност на надзорот, одбележување на градбата, поставување заштита на градилиштето, лична заштита опрема, обуката на лицата инволвирани во градењето, изјава за базбедност, проценка на ризик на работно место Инспекциски надзор, мерки на овластениот инспектор и санкциите.

Присутните учесници беа задоволни од самата Обука, затоа што, како што коментираа, овие прашања најдобро се анализираат преку обука и меѓусебна комуникација на присутните, експертите и луѓето кои директно службено се вклучени во креирање на процесите. За Обуката тие рекоа:

„Ми се допаѓа, користам и Академика многу, постојано се ажурираат прописите и целосно сме информирани. И обуките и Академика се многу корисни“,  Сузана Георгиевска, правник во Навико Шипинг ДОО Скопје;

„Вториот дел ми беше поинтересен, се добија некои посакувани одговори тука“, Иван Алексовски, правник во ДГ АРС-Инж. ДООЕЛ Куманово;

„Супер е обука, има што да се дознае и оттука сите дознаени работи треба да помогнат низ праксата“, адвокат Емил Јокасановски;

„Задоволен сум од обуката, интересна беше и корисна за нас“, Едвин Муковиќ, раководител на Одделение за имотно-правни работи од Aгенција за вработување на Република Македонија.

„Супер обука, многу ќе ни боде од полза, добро е што се организираат вакви обуки“, Марија Павловиќ Латас од Агенција за електронски комуникации;

„Добра обука, корисни информации, убаво беше, и предавачите и темите“, Бобан Димоски, адвокат, ДГТ Масон-инженеринг ДООЕЛ Скопје;

„Мислам дека членот 32 е поврзан со поекономски аспекти и ќе треба и објаснување и од економски експерт според мене“, Илинка Андреска, економист  во ЗСФ Ком ДООЕЛ;

„Ќе ни користи обуката“, Станко Веселински, дипл.ел.инж од Макпетрол А.Д. Скопје;

„Супер е обуката, многу корисна, разјаснивме многу дилеми“  Сања Милачиќ, архитет во Тетрактис  ДООЕЛ Скопје.

„Мислам дека низ праксата информациите многу ќе ни бидат значајни“, Елизабета Окевиќ, правник во ГП Пелистер Битола.