/ Прочитано:

2.081

Академик одржа обука за практичната примена на Законот за заштита на укажувачи

Денеска Академик одржа обука на тема „Практична примена на Законот за заштита на укажувачи – сите аспекти на работното право и посебна заштита на определени категории вработени“.

 

???

На денешната обука се дискутираше за спорните прашања поврзани со новодонесениот Закон за заштита на укажувачи и се појаснуваа дилемите што произлегуваат од примената на Законот.

???

На обуката детално се елаборираа прашањата поврзани со начинот на кој треба да бидат формирани документите со кои ќе се регулира заштитата на укажувачите, интерните процедури кои ги предвидува Законот, како и начинот на кој ќе се определува кое лице ќе може да се јави како лице овластено за прием на пријави.

???

Стана збор и за дефинирањето на укажувачите и  за нивната заштитата  како заштитена категорија вработени и според Законот за работни односи, а се даде и практичен пример за изработка на правилници, чие донесување претставува законска обврска за институциите од јавниот сектор и за субјектите од приватниот сектор со повеќе од десет вработени.

???

Предавачи на денешната обука беа Георги Димитров, управувачки партнер на Адвокатското друштво „Георги Димитров адвокати“ и Бојана Велковска, судија од Основниот суд Скопје II Скопје.

Потенцирајќи дека се работи за Закон кој е од исклучително значење за заштитата на јавниот интерес, адвокатот Димитров даде поширок историски приказ на развојот на конвенциското право и на законодавството за заштита на укажувачите, посебно осврнувајќи се на Резолуцијата на Советот на Европа за заштита на укажувачите.

???

Во таа насока, Димитров се осврна и на меѓународноправните регулативи и судски искуства за заштитата на укажувачите, на подигнувањето на културата за заштита на укажувачите, на генералните правила за заштитата на укажувачите, како и на внатрешните процедури и клучните нормативи и практики на кои треба да внимаваат организациите.

???

Адвокатот говореше и за насоките за креирање национални законодавства за заштита на укажувачите содржани во Резолуцијата на Советот на Европа за заштита на укажувачите и, во таа насока, детално ги елаборираше новините во домашниот Закон за заштита на укажувачите.

???

Тој образложи кои се обврските на правните лица во согласност со овој закон, што претставуваат укажувачите, како се заштитуваат тие, каква е постапката при внатрешното укажување, каква треба да биде содржината на правилниците, кои се прекршочните одредби и како се спроведува прекршочната постапка.

???

„Законот за заштита на укажувачите се применува од месец март 2016 година и е еден од ретките закони во последно време кој од работодавачите во приватниот и во јавниот сектор бара точно определено однесување во насока на создавање атмосфера за безбедно, доверливо и ефикасно пријавување. Бидејќи областа е поднормирана, оставено е на сите одговорни страни чинители со свои акти и постапки да ги доуредат односите околу укажувачите и соодветните постапки, што значи потреба за континуирана обука во областа. Оттука, го поздравувам сериозниот интерес за обуката, како и квалитетот и квантитетот на прашањата кои беа поставувани и половина час по завршувањето на обуката. Ова укажува на сериозноста на интересот што го покажуваат моите колеги, што е за поздрав“, вели адвокатот Георги Димитров.

Судијата Бојана Велковска истакнува дека со Законот за заштита на укажувачите како новина во домашното законодавство се создаваат бројни обврски за работодавачите, кои во таа насока мора да ги подготвуваат потребните интерни акти.

???

Како новина во македонското законодавство, додава судијата Велковска, Законот мора добро да се проучи за да може и соодветно да се примени.

???

„Со овој закон се обезбедува заштита на укажувачите во работните односи за да не ги трпат последиците од нивното укажување. Заштитата спаѓа во трудовата област, додека пак, последиците спаѓаат во кривичната област. Со новото законско решение, укажувачите спаѓаат во онаа категорија на заштитени работници која постои и во Законот за работните односи.  Затоа и укажувачите, следствено, ќе имаат  таков третман“, нагласува судијата Велковска.

???

Учесниците на обуката, свесни за тоа дека целта на Законот е да се заштити јавниот интерес, коментираат дека мора да го усогласат своето работење со поставената цел и дека обуките како денешната се потребни за да се расчистат сите дилеми околу примената на Законот.

???

Во таа насока, тие истакнуваат дека на обуката се образложиле многу суштински аспекти во врска со имплементацијата на новините од Законот за заштита на укажувачите кои доследно ќе ги применат во исполнувањето на нивните обврски.

???

„Сите прашања на обуката беа дискутирани на темелен начин, поаѓајќи од меѓународната легислатива па сè до оние методолошки  практични прашања кои би можеле да се појават во секојдневното работење“, нагласуваат учесниците на обуката.

„Обуката помина одлично. Имаше добри и корисни предавања. И претходно сме биле на обуки на Академик, на една од нив исто така предаваше адвокатот Георги Димитров кој навистина држи добри предавања. Таков беше случајот и денес. Многу работи кои ни беа нејасни, за кои имавме дилеми, ни се разјаснија, па ќе видими понатаму како ќе се одвива практичната примена“, Анета Гаштарова и Билјана Маркоска,  „Скопски пазар“ АД.

„Корисна обука и корисни предавања. Ова е нов закон и потребни се вакви објаснувања, кои за нас, како луѓе од практиката, значат многу. Но, во Законот има некои прашања кои наметнуваат дилеми во однос на тоа како ќе се применат во практиката, па коментарот за тоа колку овој закон ќе одговори на своите цели ќе се види во понатамошниот период“, Радица Мојсова Раденковиќ, „Еуротабак“ ДОО.

„Добра беше обуката, како од организационен аспект така и од начинот на кој се дискутираше за повеќето прашања што произлегуваат од Законот, а во врска со заштитата на укажувачите и што треба да направат субјектите од јавниот и од приватниот сектор во таа насока“, Билјана Ристова, Централен депозитар за хартии од вредност.

„Супер помина обуката. Задоволни сме од дискусиите, а посебно од интерактивната дебата и размената на мислења. Добро е што се слушнаа мислењата од судија и од адвокат кои очигледно темелно ја проучиле проблематиката“, Татјана Нарашанова и Златко Георгиевски, БЕГ.

„Ми се допадна како беше реализирана обуката. Посебно значење за нас има што јасно се образложија интерните акти и процедури, потоа како би се спроведувала комуникацијата на укажувачот со овластеното лице, па неговата комуникација со надлежните институции, а сè со цел тоа да биде во рамките на Законот и заштитата на јавниот интерес“, Христина Ампова, Универзитет „Гоце Делчев“.

„Да, обуката имаше одлична концепција и тема која беше поткрепана со одлични презентации и предавања“, Бенита Блажевска и Марина Димитриевска, „Градски паркинг“.

„Обуката беше супер замислена, се даде историски и меѓународен осврт, осврт на содржината на Законот, се укажа на добрите практики кои треба да се применат, потоа во голем дел се говореше за најпрактичните моменти и за сето она што е од важност за нас за правилна примана на законската новина“, Весна Пешова и Фросина Велковска, Агенција за вработување.

„Одлично помина обуката. Се дадоа одговори на многу прашања кои се чинеа спорни, а кои се содржани во Законот за заштита на укажувачите. На обуката се говореше и за правилниците и имаше простор за дискусија и прашања. Сè на сè, убаво реализирана обука“, Сашо Трпковски, „Оилко“ КДА.

„Предавачите беа извонредни и имаа мошне корисни дискусии. Јасно и прецизно говореа за новиот Закон за заштита на укажувачите и што треба да преземат во тој дел фирмите“, Пепица Јованова, „Машинкоп“ Кавадарци.