/ Прочитано:

2.152

Академик одржа обука за прашања од областа на концесиите, јавно-приватното партнерство и експропријацијата

Недела, 14 декември 2014 – Академик одржа уште една успешна обука посветена на новините и на прашањата од областа на концесиите, јавно-приватното партнерство и експропријацијата.

Учесниците на оваа обука, како што е и секогаш случај на обуките организирани од Академик, го збогатија своето професионално портфолио со извонредно приопштената анализа на конкретните области. Низ практичните примери и појаснувања се разви една интерактивна и полезна дискусија, што е всушност и одлика на обуките во организација на Академик. Предавачи на обуката беа Снежана Петковска, раководител на сектор за правни работи при Министерството за економија и Марина Стаматовска, раководител на одделение за евиденција за располагање на имотот – средства на органите на државната власт при Министерството за финансии – Управа за имотно правни работи.

Петковска се осврна на последните измени на Законот за концесии и јавно приватно партнерство, потоа за елементите на договор за јавно приватно партнерство, за специфичните права и обврски на договорните страни во ЈПП, како и за постапката за склучување, раскинување и за судска заштита.

На обуката се разгледа и практичната примена на Законот за концесии и јавно приватно партнерство, доделувањето концесија, видовите надоместок за концесија и уплатата на надоместокот за концесија, постапката пред склучување договор за концесија, одземањето на концесијата, определувањето на надоместок при одземањето концесија и судската заштита.

Другиот предавач, Марина Стаматовска, раководител на одделение за евиденција за располагање на имотот – средства на органите на државната власт при Министерството за финансии – Управа за имотно правни работи, го елаборираше Законот за експропријација, постапката за експропријација и одредувањето на пазарната вредност на имотот, како и практичната примена на Законот за експропријација.

Во текот на обуката беше евидентен интересот на учесниците за темите, кои, покрај тоа што внимателно ги слушаа дискусиите и образложувањата, се вклучуваа со презентирање на своите професионални искуства, што создаде една многу позитивна атмосфера и придонесе во разјаснувањето на бројните дилеми. Во таа насока,  и предавачите се согласни дека се посебно задоволни од одличната организација на обуката бидејќи се создала атмосфера во која соговорниците спонтано и заедно дебатирале за темите.

Исто така, и учесниците на обуката се многу задоволни од квалитетот на предавачите, од квалитетот на дискусиите, од презентацијата на анализите и од применливоста на она што го осознале како новитет на обуката.

 „Обуката е одлична, мошне корисна, ги препорачувам обуките што ги организира Академик затоа што навистина има што да се дознае и да се примени низ практиката“, вели Кире Доневски од Општина Аеродром.

„Одлична обука“, вели Бранкица Гацова од Општина Ѓорче Петров.

„Корисна обука“, вели Андреј Јуруков од МЕПСО АД.

„Убава обука и корисна“, вели Ермира Фида од Општина Тетово.

„Ми се допадна обуката“, вели  Дрита Абдиу од Општина Тетово.

„Интересно и корисно“, вели Магдалена Спасева од Општина Велес.

„Добра обука, примерите од практиката секогаш се повеќе корисни“, Филип Иванов од БЕГ АД.