/ Прочитано:

1.870

Академик одржа практична обука за новиот Закон за пензиско и инвалидско осигурување

Понеделник 1 октомври 2012 – Новиот закон за пензиско и инвалидско осигурување беше темата на последните практични обуки на Академик што се одржаа на 28.09.2012 година во конференцискиот центар на хотелот „Queen“ во центарот „Зебра“. Инвалидност при повреда на работа, третиот пензиски фонд и паричен надомест при боледување или породилно, беа трите прашања за кои присутните покажаа голем интерес.  

Во пријатна атмосфера со многу прашања до предавачите поминаа Академик обуките за новиот Закон за пензиско и инвалидско осигурување. Тројцата предавачи од Министерството за труд и социјална политика, НЛБ Нов пензиски фонд и Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ФЗОМ) преку презентација и конкретни одговори ги објаснија сите постапки што произлегуваат од измените и дополнувањата на Законот за пензиско и инвалидско осигурување.

Најголем интерес за постапката за инвалидност при повреда на работа

„Презентацијата е можност сите да се запознаат со правата од ова осигурување, постапките кои се преземаат за да се дојде до остварување на овие права. Интересот беше многу голем, присутните со голема концетрација ја следеа презентацијата, поставуваа прашања најмногу за начинот за остварување на правата, кои се обврските на работодавачот, правата од пензиско и инвалидско осигурување, особено во делот кога настанува инвалидност при повреда на работа. Особено тоа би го потенцирала како најзначајно бидејќи најмногу присутните покажаа интерес за потребната документација при таков случај. Постоеше и интерес во однос на вториот пензиски столб, како функционира, кои се правата и неговата структура“, објасни Ирена Ристевска, раководител на Секторот за пензиско и инвалидско осигурување при Министерството за труд и социјална политика.

Ирена Ристевска – Раководител на Сектор за пензиско и инвалидско осигурување при Министерство за труд и социјална политика

НЛБ Нов пензиски фонд: Голем дел од населението не ги знае бенефициите од членувањето во III Столб на пензиско осигурување

Од Друштвото изјавуваат дека на предавањето се зборувало за двата типа на членство во доброволното пензиско осигурување, индивидуално и професионалното, начинот како се станува член и за најголемата предност, а тоа се даночните стимулации. Исто така слушателите се запознаа како се формира професионална пензиска шема и како се инвестирираат средствата. „Треба да го запознаеме населението, бидејќи мало е познавањето за ваквиот начин на пензиско осигурување. Она што е битно е дека доброволното пензиско осигурување е специфичен финансиски производ кој опфаќа даночни стимулации од државата за физичките лица, принос од инвестирање на средствата акумулирани во доброволниот пензиски фонд и даночни ослободувања за фирмите” велат од НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје.

Жарко Ордевски – Претставник од НЛБ Нов пензиски фонд

Голем интерес за постапката при боледување, породилно и паричен надоместок за патни трошоци

На презентација присутните беа со различни професии од сите сфери, но сепак најголем интерес покажаа за нивните работнички права при осигурувањето и постапките што треба да ги преземе работодавачот. Најмногу прашања за предавачот Стојан Петрески од ФЗОМ имаше за постапките при надоместокот на плата за време на прекин на работата поради болест или породилно како и надоместок за патните трошоци. Беа презентирани и трендовите на здравственото осигурување, а предавачот објаснуваше и за практичните проблеми кои настануваат во остварувањето на правата при здраственото осигурување.

Стојан Петрески – Началник на одделение во ФЗОМ