/ Прочитано:

1.602

Академик одржа втора последователна обука на темата „Првични искуства од примената на новиот ЗОУП“

Академик денеска организираше уште една обука на темата „Првични искуства од примената на новиот ЗОУП“.

Обука ЗОУП

На денешната обука беше направен осврт на основните карактеристики и специфики на решенијата кои се содржани во новиот закон, вклучувајќи ја и тематиката на застапувањето на странките, комуникацијата меѓу странките  и органите, како и актите кои ги донесуваат органите во согласност со Законот.

akad 2

Предмет на разработка беа и прашањата во врска со управната соработка, изведувањето на доказите по службена должност, како и анализата на целиот тек на жалбената постапка, од иницирањето, па сѐ до нејзиното завршување, а сето тоа гледано од аспект на новиот Закон за општата управна постапка.

akad 2

На обуката беа сумирани и ефектите што се очекуваат од донесувањето на законот, а исто така беа и дадени насоки за соодветна примена на новиот закон во практиката.

Југослав-Обука ЗОУП

„Од донесувањето на Законот за општата управна постапка се очекуваат позитивни ефекти, особено што постапката е многу поедноставена и поекономична. Но, она што е од особена важност и што треба да се нагласи е дека потребна поголема ангажираност на службени лица во поглед на роковите. Исто така, треба да се нагласи дека во поглед на примената на законските решенија не треба да се обрнува внимание само на формализмот, туку и на еден друг многу важен аспект, а тоа е промена на менталитетот“, истакнува предавачот на обуката Југослав Ѓорѓиевски, државен советник во Министерството за информатичко општество и администрација.

Обука Академик ЗОУП

Ирена Брзанова, претседателка на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, апелираше дека органите на управата мора да бидат сервисно ориентирани кон граѓаните и дека тие во интерес на граѓаните меѓусебно мора да соработуваат. Секогаш, подвлече Брзанова, мора да се внимава на сите фази на постапката и од тие причини не смее за сметка на експедитивноста, да се нарушат правата и интересите на граѓаните и странките, односно за сметка на квантитетот да се наруши квалитетот.

akad 2

Учесниците на денешната обука коментираат дека понесуваат одлични впечатоци од денешниот настан посветен на Законот за општата управна постапка, нагласувајќи дека со излагањата на предавачите се разјасниле многу суштински прашања од доменот на општата управна постапка.

„На обуката има што да се слушне, предавачите даваат сѐ од себе да ги  образложат законските новости во однос на бројни прашања од Законот за општата управна постапка, за кој, како што истакнаа самите предавачи, потребен е нов пристап во однос на примената“, вели  Ирена Левкова од Општина Велес.

„Несомнено се работи за материја за која е потребна едукација и во тој поглед сме обучени за примената на новите законски решенија. Од денешната обука сум многу задоволен, предавачите одлично ја појаснуваат постапката, акцентирајќи на што особено да се обрне внимание за што даваат конкретни насоки“, вели Владимир Петковски од Агенцијата за пошти.

„Корисна е обуката, посебно што може да се согледаат и различните видувања во однос на практичната примена на законот, што е особена важност токму од аспект на оние првични искуства од неговата примена“, вели Васко Пејков од Комисијата за хартии од вредност.

„Практичниот, значи првиот дел беше навистина одличен. Нас посебно нѐ интересираше тој дел затоа што тоа и најмногу ни треба во нашето работење. Во секој случај, се работи за одличен концепт на обуката, со практични објаснувања и јасни образложувања“, Христина Трајчевска од Агенцијата за пошти.

„Супер беше обуката, предавачите имаа одлични предавања и од аспект на разјаснување на некои законски одредби од Законот за општата управна постапка, но и од аспект на давање насоки и совети како да се применат законските новости“, вели Бобан Петроски од Центарот за социјална работа Прилеп.

„Задоволни сме од обуката, се работи за многу значаен закон, но исто така покрај оваа квалитетна обука што ја направи Академик за новините во Законот за општата управна постапка, треба да направи и обука за инспекцискиот надзор што би се комплетирала едукацијата за повеќе прашања“, вели Дарко Стојкоски од Општина Гази Баба.

„Корисна беше обуката, се опфатија многу теми поврзани со Законот за општата управа постапка, како што се, на пример, застапувањето на странките и комуникацијата меѓу странките  и органите, потоа жалбената постапка, но и прашања кои се однесуваат на очекуваните ефекти од примената на Законот за што беа презентирани и конкретни насоки“, вели Александра Ѓуровска од Комисијата за хартии од вредност.

„Обуката беше многу корисна, се дискутираше за многу суштински прашања од ЗОУП. Се работи за една многу широка тема, за несомнено дека е потребна едукација, а од гледиште на прашањата кои се однесуваат на локалната самоуправа, позитивно би било да има вклученост на претставник до Министерството за транспорт и врски“, велат Ане Велковска и Александра Чивлачки од Општина Бутел