/ Прочитано:

1.914

АКАДЕМИК поставува нови стандарди на квалитет: Обуката за Законот за јавни набавки заокружена со аплауз од учесниците!

Петок, 27 јуни 2014 – Вчера во Конференцискиот центар на Qeen Hotel во трговскиот центар Зебра се одржа еднодневна АКАДЕМИК ОБУКА (РАБОТИЛНИЦА) за јавни набавки наменета за договорни органи, а во врска со имплементацијата и практичната примена на одредбите од  Законот за јавни набавки. Одлични импресии, квалитетни дискусии, прекрасни предавачи, корисен амбиент за размена на знаења и информации, обука која ги надмина стандардите во едукациониот пристап – беа само дел од коментарите на учесниците, кои искажаа голема благодарност што можеа да бидат дел од настан кој навистина беше инспиративен простор за комуникација, интеракција и едукација.

Веќе во својот препознатлив начин на артикулација на темите и процесите кои се од витално значење за примената на прописите кои се современ правен тренд, овојпат на АКАДЕМИК ОБУКАТА се разгледаа и дебатираа  прашања поврзани со јавните набавки, и тоа, сублимирано – за Советот за јавни набавки (состав и функција), законски обврски на договорните органи во однос на Советот за јавни набавки; Имплементација и практична примена на измените во Законот за јавни набавки во постапките за доделување на јавни набавки: започнување на постапката, технички дијалог, тендерска документација, објава; Електронски систем за јавни набавки; Имплементација и практична примена на измените во Законот за јавни набавки во постапките за доделување на јавни набавки: Евалуација, Електронски систем за јавни набавки и избор/поништување на постапката, дополнителни работи со постапка со преговарање без повторно објавување на оглас; Постапување по жалби; Државна комисија по жалби за јавни набавки и казнени одредби.

Обуката започна со извонредната презентација на Татјана Пешевска, дипл. екк. Раководител на внатрешна ревизија при АД МЕПСО Скопје, овластен државен ревизор и сертифициран обучувач за јавните набавки со долгогодишно практично искуство во спроведувањето на постапките за доделување на договори за јавни набавки.

Несомнено, бенефитите од портфолиото и личните вештини на г-а Пешевска веќе од самиот старт на Обуката понудија искрен и професионален пристап во презентацијата, а учесниците на Обуката не го криеја своето задоволство што уште на самиот почеток, беа отворени суштинските прашања поврзани со јавните набавки и примената на одредбите од Законот за јавните набавки и што воедно иницијално започнаа прнципиелно, детално, атрактивно и интеркомуникативно да се разгледуваат.

Кон извонредната презентација на Пешевска, своја фасцинантна контрибуција имаше и Маја Малахова, м-р по правни науки, Претседател на државната Комисија за јавни набавки, професионалец со долгогодишно искуство во областа на јавните набавки, особено во делот на правната заштита и одлучувањето по жалби во Комисијата за жалби по јавни набавки при Владата на Република Македонија, како и претходно искуство како судија и адвокат.

Г-а Малахова, мошне стручно, на начин кој е ерудитски витално корисен за учесниците, се надоврзуваше на прашањата кои се елаборираа, и, како што подвлече таа,  внесувајќи пристап кој за учесниците е најцелисходен бидејќи присутните на обуката се запознаени со тематиката на јавните набавки, но потребно им е поинакво, пософистицрано и поедукативно предавање и презентација на информации и знаења.

Меѓусебната комуникација на двете предавачки, професионалниот пристап и меѓусебното дополнување, но и начинот на кој кумуницираа со учесниците креираа една атмосфера низ кој се чувствуваше позитивната енергија, желбата за едукација, дознавањето на нови работи и креирањето на нови идеи и предлози во функција на законодавството и практиката. Она што останува како силен впечаток од обуката е што континуирано преовладуваше креативната енергија, взаемната почит, разгледување на темите низ дијалози кои наидоа на воодушевување кај присутните. Нивното задоволство непомирливо внесуваше свежина во дебатата и беше мотив и самите предавачки да се внесат максимално во својата задача, која, на задоволство на учесниците, егземпларно докажа дека обуките на АКАДЕМИК се повеќе и се позасилено се наметнуваат како фактор со вонсериска правно-социолошка функција.

Во таа насока, евидентно беше дека дискусијата нема да се лоцира само кон домашните искуства, туку од широкиот дијапазон на прашања, за што е заслужен позитивниот дух на соработка, дополнително беа елаборирани и презентациите на компаративните европски искуства, регионалните правни поставености на системите за јавни набавки, можностите за инклузија на нови елементи кои ќе значат зголемена функционалност во домицилното законодавство и практика. И тргнувајќи од таа максима дека квалитетот не може да се пренебрегне и секогаш е префикс кон води кон реалниот приказ на едукацијата, така и самата професионална организација на Обуката, водена од тие претпоставки, побуди силни импресии и кај учесниците и кај предавачите.

„Говоревме за практичната примена на Законот за јавни набавки и слободно можам да кажам дека помина низ прекрасна атмосфера. Посебно ме радува што на обуката имаше одличен интерактивен пристап, задоволително беше што заедно со учесниците во рамки на интерактивната дискусија дебатиравме за правилната примена на законските измени и правилното постапување“, потенцираше предавачката Татјана Пешевска, надополнувајќи дека и е особена чест и задоволство што била предавач на ваков настан, кој по многу параметри значи воздигнување на квалитативните теркови на креирањето обуки.

„Ги разгледавме најновите законски измени, дискутиравме за суштински прашања. Учесниците беа фантастични. И тие на едно високо ниво имаа комуникација и се гледа дека се работи за личности со широки познавања од оваа област, па затоа и моето предавање беше конципирано со таква содржина и мислам дека голема предност на оваа обука е што така ги поставува работите, бидејќи за оваа материја потребни се повеќе и практични информации, но тука голема улога има и легислативното познавање на едно повисоко, академско ниво“, подвлече Маја Малахова, м-р по правни науки, Претседател на државната Комисија за јавни набавки.

„Супер, супер обука. Многу интерактивна и многу корисна“, вели за обуката Анета Тодоровска, шеф на отсек за јавни набавки при А.Д. за стопанисување со деловен простор.

„Прекрасна обука, одлични предавачи“, вели Гордана Каракирова, раководител на Служба за внатрешна ревизија во Агенција за електронски комуникации.

„Ќе ни користат сознанијата од обука многу во праксата, одлична организација“, вели Марјана Илиевска, член на Комисија за јавни набавки при ФОД ДООЕЛ Новаци.

„Многу ми се допаѓа обуката, премногу“, вели Кристина Диневска, советник за јавни набавки во Град Скопје.

„Одлична обука, супер информации“, вели Радослав Јаулески, раководител на група во оддел за набавки при ЕВН Македонија А.Д. Скопје.

„Добра обука, има многу дискусија, учесниците се заинтересирани“, вели Александар Пановски, управител во ФОД ДООЕЛ Новаци.

„Супер е. Ќе користи доста, убаво искуство“, вели Панче Манојловски, одговорен референт за набавки во МЕПСО А.Д. Скопје.

„Прекрасна обука, нас ќе ни користи многу во практичната работа, добивме многу нови сознанија“, вели Никола Ивановски, раководител на оддел за комерција во МЕПСО А.Д. Скопје.

„Добра е обуката навистина. Најважно е што има размена на информации, на идеи, одговори на прашања“, вели Јасна Ушковска, референт за изработка на договор во МЕПСО А.Д. Скопје.

„Да, ова е супер обука“, вели Катерина Крстоска, виш соработник во Општина Центар.

„Ми се допаѓа обуката, могу е корисна, честитки за организацијата“, вели Александра Доксимовска, советник во Дирекција за технолошко-индустриски развојни зони.

„Супер обука, нема што да се додаде кога нешто е вака организирано“, вели Билјана Балчева, благајник во СУГС Арсени Јовков.

„Одлична обука, корисна, јасна, интерактивна“ вели Адела Малиминова, секретар, во СУГС Арсени Јовков „Задоволен сум многу, супер обука“, Виктор Град Скопје

„Супер обука, многу сум задоволен“, вели Димитар Георгиевски, соработник за јавни набавки во Град Скопје.

„Ќе ни користи многу во праксата несомнено, убава обука, убава замисла, супер реализација“ вели Јовица Саздовски, референт за комерцијално-продажни работи во МЕПСО А.Д. Скопје.

„Добро беше, прифатливо“, вели Пецо Стојковски, член на Комисија за јавни набавки при ФОД ДООЕЛ Новаци.

„Обука која инспирира, одлични предавачи, многу убав пристап и секоја чест за нив и организаторот. Презадоволна сум од обуката и како што реков од предавачките“, вели Бранкица Гацова, раководител на одделение за јавни набавки во Општина Ѓорче Петров.

„Фантастична обука, предизвика голем интерес, убаво помиваме, збогатени со многу корисни објаснувања“, вели Наташа Миленковска, член на Комисија за јавни набавки во ФОД ДООЕЛ Новаци.