/ Прочитано:

1.527

АКАДЕМИК ПРАКТИКУМ: Еднодневна обука за јавни набавки наменета за договорни органи и економски оператори

На 17 декември 2015 год ( четврток) во конференцискиот центар на Квинс хотел во трговскиот центар Зебра со почеток во 10 часот ќе се одржи практична еднодневна обука за јавни набавки наменета за договорни органи и економски оператори  – „Размена на искуства и практични примери со цел правилно спроведување на постапките за доделување на договори за јавни набавки согласно одредбите од ЗЈН“

На обуката ќе се говори за подготовката на технички спецификации со користење на мерливи барања и услови во спецификациите со цел добивање квалитетни стоки, услуги или работи, размена на искуства и практични примери, потоа за досегашни искуства, најчестите грешки и упатства при дефинирање на критериумите за способност, иновативноста во набавките на стоки и услуги, спроведувањето на електронски постапки доделување на договори за јавни набавки и електронскиот систем зајавнинабавки (ЕСЈН) со практични примери.  

Исто така, обуката е во насока на законската обврска за спроведување на електронските постапки за јавни набавки преку Електронскиот систем за јавни набавки, како и поради обезбедување конкуренција, еднаков третман и недискриминација кај економските оператори со истовремено обезбедување квалитетни стоки, услуги или работи со рационално и ефикасно искористување на планираните средства кај договорните органи, претставува основа во реализирањето на јавните набавки.

За исполнување на овие работи неопходно е правилното дефинирање на предметот на јавната набавка, правилното дефинирање на карактеристиките во техничките спецификации, како и дефинирање на минималните критериуми за способност на економските оператори. Во таа смисла, на обуката ќе се развијат дискусии за иновативност во набавките на стоки и услуги – изнајмување наместо купување. Во наредниот период следи и обврската за спроведување електронски постапки преку ЕСЈН во најмалку 30% од објавените огласи во 2016 година.

Својствено на Академик обуките, учество ќе земат реномирани обучувачи директно упатени во проблематиката и кои најсоодветно и најпрецизно ќе одговорат на зададените теми и прашања. Предавачи на обуката ќе бидат:

Маја Малахова, м-р  по правни науки  – Претседател на Државна комисија за жалби по јавни набавки, со долгогодишно искуство во областа на јавните набавки особено во делот на правната заштита и одлучувањето по жалби во Комисијата за жалби по јавни набавки при Владата на Република Македонија и во Државната комисија за жалби по јавни набавки, како и претходно искуство како судија и адвокат.

Татјана Пешевска, дипл.екк. – Раководител на внатрешна ревизија, Овластен Државен Ревизор; Сертифициран обучувач за јавните набавки со долгогодишно практично искуство во спроведувањето на постапките за доделување на договори за јавни набавки.

Ирена Стоименова, дипл.екк. –  Советник за комерцијални работи, Сертифициран обучувач за јавните набавки со долгогодишно практично искуство во спроведувањето на постапките за доделување на договори за јавни набавки во повеќе јавни институции, искуство во имплементирање на Законите од други области (Закон за градење, Закон за минерални суровини и др.) во склад со Закон за јавните набавки.

За учество на обуката можете да се пријавите најдоцна до 15 декемвр на email: practicum@akademik.com. mk или на тел. број:02/32 32 821