/ Прочитано:

1.157

АКАДЕМИК ПРАКТИКУМ: На 27 јануари обука за јавни набавки наменета за договорни органи и економски оператори

На 27 јануари 2016 год ( среда) во конференцискиот центар на Квинс хотел во трговскиот центар Зебра со почеток во 10 часот ќе се одржи практична еднодневна обука за јавни набавки наменета за договорни органи и економски оператори – „Размена на искуства и практични примери со цел правилно спроведување на постапките за доделување на договори за јавни набавки согласно одредбите од ЗЈН“.

akad 5

Предмет на обуката се прашањата поврзани со подготовката на технички спецификации со користење на мерливи барања, законската обврска за спроведување на електронските постапки за јавни набавки преку Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН), а во фокус ќе бидат многубројни практични примери преку кои ќе биде проследена целокупната процедура за спроведување на комплетна постапка за доделување на договор за јавна набавка со користење на е-средства, како и за задолжителното објавување на определени видови на постапки за јавни набавки со користење на е-средства, регистрација и објава на огласи во TED, е-поштенско сандаче, е-потпис и е-архивирање. Почнувајќи од 2016 година, задолжителна станува и обврската за спроведување електронски постапки преку ЕСЈН во најмалку 30% од објавените огласи во 2016 година, поради што во фокусот на оваа обука ќе бидат електронските постапки.

На обуката ќе стане збор и за најчестите и актуелни проблеми, како што е подготвувањето на техничките спецификации со користење на мерливи барања и услови, а ќе бидат споделени досегашните практични искуства, ќе биде укажано на најчестите грешки, ќе бидат презентирани и упатства за дефинирање на критериумите за способност, а сето тоа низ интерактивни дискусии и практични примери, како и со осврт на справување со ситуациите на жалбени постапки.

Својствено на Академик обуките, учество ќе земат реномирани обучувачи директно упатени во проблематиката и кои најсоодветно и најпрецизно ќе одговорат на зададените теми и прашања. Предавачи на обуката ќе бидат:

Маја Малахова, м-р  по правни науки  – Претседател на Државна комисија за жалби по јавни набавки, со долгогодишно искуство во областа на јавните набавки особено во делот на правната заштита и одлучувањето по жалби во Комисијата за жалби по јавни набавки при Владата на Република Македонија и во Државната комисија за жалби по јавни набавки, како и претходно искуство како судија и адвокат.

Татјана Пешевска, дипл.екк. – Раководител на внатрешна ревизија, Овластен Државен Ревизор; Сертифициран обучувач за јавните набавки со долгогодишно практично искуство во спроведувањето на постапките за доделување на договори за јавни набавки.

Ирена Стоименова, дипл.екк. –  Советник за комерцијални работи, Сертифициран обучувач за јавните набавки со долгогодишно практично искуство во спроведувањето на постапките за доделување на договори за јавни набавки во повеќе јавни институции, искуство во имплементирање на Законите од други области (Закон за градење, Закон за минерални суровини и др.) во склад со Закон за јавните набавки.

За учество на обуката можете да се пријавите најдоцна до 25 јануари 2016 на email: practicum@akademik.com. mk или на тел. број:02/32 32 821.

Агенда за обуката:

akad 5