/ Прочитано:

2.318

АКАДЕМИК успешно заокружи уште една обука за јавни набавки наменета за економски оператори

Понеделник, 17 ноември  2014 – АКАДЕМИК одржа уште една успешна еднодневна обука за јавни набавки наменета за економски оператори – Права и обврски на економските оператори во постапките за доделување на договори за јавни набавки со практична примена на одредбите и измените од Законот за јавни набавки бр.148/2013; 28/2014; 43/2014 и 130/2014.

Поаѓајќи од фактот дека темата за јавните набавки секогаш наметнува прашања кои истовремено се сфера на актуелност, но и сфера која отвора многу дилеми, особено низ методолошкиот пристап и практичен дискурс, тимот на АКАДЕМИК се фокусираше кон ова мошне важно општествено прашање, а со цел да придонесе во елаборацијата на јавните набавки низ призмата на практичното правно и деловно работење.

Оттука, тоа беше мотив повеќе  АКАДЕМИК да организира успешна практична обука за јавните набавки, со што на учесниците на обуката им беше предочен попрактичен пристап и поширок едукациски спектар во елаборацијата на јавните набавки за економски оператори.

„Обуката е огромен придонес во разјаснување на дилемите за јавните набавки, првенствено што на неа се присутни експерти кои на најадекватен начин говорат за проблематиката, но и одговараат на поставените прашања. Сето тоа е проследено со одлична организација“, коментираат учесниците, за кои најважен аспект од АКАДЕМИК ОБУКИТЕ се токму разјаснувањата на практичните моменти од тематиката на јавните набавки.

Низ обуката подетално се разгледаа правата и обврски на економските оператори во постапките за доделување на договори за јавни набавки со практична примена на одредбите и измените од Законот за јавни набавки, а учесниците низ интерактивна дебата поставуваа прашања и ги искажуваа своите искуства низ работните активности поврзани со јавните набавки.

Во таа насока, на обуката се разгледаа, објаснија и дебатираа прашањата во врска со дефинирање на одредени поими од Законот за јавни набавки, право на учество на економските оператори во постапките за доделување на договори за јавни набавки, видови договори за јавни набавки и дејствијата пред објавана оглас за доделување на договор за јавни набавки.

Исто така, на обуката голем интерес предизвика експликацијата на новини кај видовите на постапки и посебните начини за доделување на договори за јавни набавки, подготовка и поднесување на понуда и задолжителна документација,права и обврски на економските оператори, согласно барањата и условите дефинирани во тендерска документација, (технички спецификации, критериуми за способност, изјави на економските оператори, гаранции) јавно отворање и евалуација на понудите.

Предмет на анализа беа и права и обрвските на економските оператори при користење на електронскиот систем за јавни набавки, електронски аукции, завршување на постапката за доделување на договор за јавни набавки, склучување на договор или поништување на постапката.

Обуката се заокружи со елаборација на подготовката на жалба во постапката за доделување на договор за јавна набавка, содржина на жалбата, начин на изјавување, дејство, одлучување по жалба пред Државната комисија за жалби по јавни набавки. Одличната атмосфера, конструктивната дебата и креативниот интерактивен придонес на учесниците уште еднаш го потврдија квалитетот на АКАДЕМИК ОБУКИТЕ, со извонредната контрибуција на  реномираните експертки од  областа на јавните набавки:

„Како предавач, ми претставува огромно задоволство што разговарав со добро едуцирани колеги и учесници“ – Маја Малахова

Маја Малахова м-р правни науки  – Претседател на Државна комисија за жалби по јавни набавки, со долгогодишно искуство во областа на јавните набавки особено во делот на правната заштита и одлучувањето по жалби во Комисијата за жалби по јавни набавки при Владата на Република Македонија и во Државната комисија за жалби по јавни набавки, како и претходно искуство како судија и адвокат.

„Многу корисна работилница со овозможување директен увид во регулативата преку практични примери“ – Тања Пешевска

Татјана Пешевска дипл.екк. – Раководител на внатрешна ревизија при АД МЕПСО Скопје, Овластен Државен Ревизор, Сертифициран обучувач за јавните набавки со долгогодишно практично искуство во спроведувањето на постапките за доделување на договори за ЈН.

„Вакви обуки се реткост и препорачливи се за засегнатите субјекти. Не само што е интересно искуство, туку и повик за учество затоа што има што да се дознае и научи“ – Ирена Стоименова

Ирена Стоименова дипл.екк. – Советник за комерцијални работи во АД ЕЛЕМ, Сертифициран обучувач за јавните набавки, со долгогодишно практично искуство во спроведувањето на постапките за доделување на договори за ЈН во Министерство за финансии, Град Скопје и АД ЕЛЕМ, искуство во имплементирање на Законите од други области (Закон за градење, Закон за минерални суровини и др.) во склад со ЗЈН.

Учесниците на обуката со позитивни импресии реагираа дека посетата на АКАДЕМИК ОБУКИТЕ не само што се од големо практично значење, туку овозможуваат создавање на простор преку кој на најдиректен начин претставниците на економските оператори ќе се соочат со експертите кои непосредно се инволвирани во оваа проблематика, што пак е сериозен влог во она што значи засилување на јавната дебата за законските решенија кои треба да се применат, но токму онака како што е промулгирано во законот и применото во правно-деловната сфера.

„Одлична обука, многу корисна“, вели Елена Тасевска – економист во Диамед Македонија;

„Супер искуство“, вели Влатко Коколански – правник во Диамед Македонија;

„Прекрасно организирано и умешно замислено“, вели Марина Митевска – самостоен референт во Макпетрол АД Скопје;

„Обука од големо значење за нaс“, вели Дарко Матески – шеф на Служба за продажба во  Македонска пошта АД Скопје;

„Одлична обука“, вели Марија Божиновска –  правник vo Македонски бизнис системи ДООЕЛ Скопје;

„Многу добра обука, за актуeлна тема која директно не засегнува. Убаво е да се биде овде“, Игор Ивановски – маркетинг, Млекара АД Битола

„Обука со извонредна корист, убава организација, добри предавачи“, вели Катерина Стошиќ – координатор на продажба во НЛБ Тутунска банка АД Скопје;

„Супер обука, корисна, едукативна, практична“, вели Васил Димитриовски – преземач на ризик, Осигурување Македонија АД Скопје;

„Добра организација, се кажаа работи кои ги разјаснуваат дилемите во работната пракса“, вели Емрах Михтароски, правник во Пуцко Петрол;

„Одлична обука“, вели Љупка Јахоска – економист во Пуцко Петрол;

„Навистина многу ми се допаѓа“, вели Ружица Костиќ – правник во Цирко ДООЕЛ Скопје;

„Корисна обука, ми се допаѓа начинот на презентација на предавачите и објаснувањето на темата“, вели Николина Николовска –  стручен соработник за тендер во д-р Пановски АД Скопје;

„Супер“, вели Сашо Шапков – директор на инженеринг во Бетон Штип АД Штип;

„Одлична презентација, превања…Обука која сигурно за практичарите  значи многу“, вели  Драган Илиевски – менаџер во Синпекс ДОО Битола;

„Многу добра обука“, вели Мирче  Фодулов –  комерција, Глори ГБ ДООЕЛ Скопје;

„Корисно и интересно“, вели Милена Тошевска Марковиќ – правник во Општина Карпош

„Задоволни сме од обуката, начинот на кој предавачките ги образложуваа работите и од организацијата“, вели Емилија Накова – технолог во Општина Карпош;

„Супер обука“, вели Емица Георгиева – правник во Бетон Штип АД Штип;