/ Прочитано:

902

АКРМ: Напредна обука на тема „Притвор“ во соработка со АБА

Четврток, 5 ноември 2014 – На 12.11.2014 (среда) во Скопје, Клуб на новинари, во организација на Адвокатската комора на Република Македонија (АКРМ) и Американската адвокатска комора (АБА) ќе се одржи еднодневна специјализирана обука од кривичната област на тема „Притвор“ и истата е отворена за сите заинтересирани адвокати кои веќе успешно ги комплетирале основните обуки за новиот ЗКП. 

Заинтересираните адвокати за горенаведената обука своето учество можат да го пријават на следната е-маил адреса: ristik@abaroli.mk. Рокот за регистрација е до 10 ноември 2014 година. 

„Ве молиме при регистрацијата да ги наведете Вашите контакт податоци (име и презиме, адреса, телефон, е-маил адреса) и обуката за која се пријавувате. Оние адвокати кои ќе се пријават ќе добијат писмена потврда по електронски пат, заедно со сите потребни информации во врска со обуката. Како и до сега, учесниците ќе бидат прифаќани врз основа на принципот: прв пријавен – прв услужен“, посочуваат од АКРМ.

АКРМ и АБА ќе продолжат заеднички да организираат обуки за адвокати за новиот Закон за кривична постапка, вклучувајќи и напредни обуки, со цел колку што е можно поголем број на адвокати да бидат опфатени со обуките и подобро да се подготват за примената на новиот Закон за кривична постапка.