/ Прочитано:

741

АКРМ: Напредна обука на тема „Притвор“ во соработка со Американската адвокатска комора

Понеделник, 18 ноември 2013 – Eднодневна специјализирана обука од кривичната област на тема „Притвор“ за сите заинтересирани адвокати кои веќе успешно ги комплетирале основните обуки за новиот ЗКП ќе се одржи на 20 ноември (среда) во Скопје. 

„Адвокатската комора на Република Македонија (АКРМ) и Американската адвокатска комора (АБА) ја продолжуваат својата соработка, односно ќе продолжат заеднички да организираат обуки за адвокати за новиот Закон за кривична постапка, вклучувајќи и напредни обуки, со цел колку што е можно поголем број на адвокати да бидат опфатени со обуките и подобро да се подготват за примената на новиот Закон за кривична постапка“, известуваат од АКРМ

Обуката ќе се одвива од 10.00-17.00 часот, а рокот за регистрација е заклучно до денеска.

Заинтересираните адвокати за горенаведената обука своето учество можат да го пријават на следната е-маил адреса: ristik@abaroli.mk

Обуката е бесплатна, а на крајот на обуката ќе бидат доделени соодветни сертификати.