/ Прочитано:

1.204

АКТУЕЛНИТЕ ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИТЕ НАБАВКИ И НЕГОВА ПРИМЕНА ВО ПРАКСА: Еднодневна практична обука на Академик за јавни набавки наменета за економски оператори и договорни органи

Докажани експерти со долгогодишно практично и нормативно искуство во областа на јавните набавки и управувањето со ЕСЈН детално ќе го разработат прашањето на тендерската документација, која е клучна и која е основа за добивање понуди. Ќе се стави посебен акцент на критериумите за утврдување на способност и размена на искуства, а преку практични примери и презентација учесниците детално ќе бидат информирани со функционирањето и со примената на Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН), електронски набавки и електронски аукции.

Академик обука

На 22 ноември, со почеток во 10:00 часот, во просториите на Академик ќе се одржи уште една практична обука за јавни набавки, која е наменета за економски оператори и договорни органи.

Овој пат учесниците ќе имаат можност да се запознаат со актуелните измени во Законот за јавните набавки и негова примена во пракса, кои ќе им бидат пренесени од страна на докажани експерти со долгогодишно практично и нормативно искуство во областа на јавните набавки и управувањето со ЕСЈН.

На обуката детално ќе биде разработено прашањето во однос на тендерската документација, која е клучна и која е основа за добивање понуди. Експертите во оваа област ќе стават посебен акцент на критериумите за утврдување на способност и размена на искуства.

Исто така, учесниците на оваа обука, преку практични примери и презентација, стручно пренесени од страна на реномираните предавачи, детално ќе бидат информирани со функционирањето и со примената на Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН), електронски набавки и електронски аукции.

Целиот концепт на обуката ќе биде интерактивен и учесниците ќе имаат можност да отворат дискусии со предавачите кои се директно упатени во проблематиката и кои најсоодветно и најпрецизно ќе одговорат на зададените теми и на прашањата упатени до нив.

За сите детали во врска со обуката, можете да ни се обратите на е-пошта: practicum@akademik.com.mk, како и на телефонските броеви 02/3232-821 и 02/3221-091.

Во прилог погледнете ја агендата за обуката.

ЈАВНИ НАБАВКИ НОЕМВРИ 2016