/ Прочитано:

1.351

Антонио Тајани – нов претседател на Европскиот парламент

Потпретседателот на Европскиот парламент, Италијанецот Антонио Тајани, со мнозинство гласови е избран за нов претседател на Европскиот парламент.

akademik foto

Антонио Тајани од 1994 година, па наваму, четирипати е избиран за пратеник во Европскиот парламент. Почнувајќи од 1999 година речиси цела декада ја раководеше пратеничката група на партијата Напред Италија.

Тајани е еден од основачите на партијата Напред Италија заедно со поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, кому му бил и близок соработник и портпарол. Од 2008 до 2010 година Тајани беше комесар на Европската унија за транспорт, индустрија и претприемништво.

Во биографијата на Тајани е наведено дека се стекнал со диплома по право од Универзитетот Сапиенца во Рим, а работел како новинар посветен на парламентарни  теми.  Исто така, Тајани бил и офицер на Италијанското воено воздухопловство. Покрај италијанскиот, говори и англиски, француски и шпански јазик.

Тајани за себе вели дека е голем љубител на книгите. Читањето, истакнува тој, е она што навистина ми причинува задоволство по напорниот работен ден или по долгите службени патувања.

М.В