/ Прочитано:

958

Атина: Бомба експлодирала пред домот на грчка апелациона судијка

Четврток, 22 ноември 2012 – Бомба рано изутринава експлодирала во Атина, пред домот на апелациона судијка, причинувајќи материјална штета врз неколку згради и автомобили, без да има повредени, пренесуваат грчките медиуми.
Бомбата била поставена во дворот од куќата на апелационата судијка, Параскеви Калајѕи која инаку била надлежна за низа високо профилни кривични случаи, вклучувајќи убиство на бизнисмен и киднапирање на бродски магнат, кој беше пуштен на слобода после 8 дена откако неговото семејство го плати откупот во висина од 30 милиони евра.

– Се уште немаме јасна слика за она што се случило, може да се работи за обични криминалци или тероризам, изјавил полицаец за тамошни медиуми, кој инсистирал да остане анонимен.

Во Атина, последните години имаше неколку случаи на напади со рачно изработени бомби, кои обично беа поставувани пред даночни служби или канцеларии на политичари.