/ Прочитано:

668

(АУДИО СНИМКA) Снајперистите во Украина биле најмени од опозициските лидери

Среда, 5 март 2014 – Снајперистите што пукаа во демонстрантите и во полицијата во Киев наводно биле најмени од лидерите на протестите на Мајдан, според телефонски разговор меѓу шефицата на дипломатијата на Европската унија, Кетрин Ештон и министерот за надворешни работи на Естонија, чија снимка се појавила на Интернет. Во меѓувреме естонскиот министер Урмас Пает ја потврдил автентичноста на снимката.

„Сѐ посилно е верувањето дека зад снајперистите не стоел Јанукович, туку некој од новооформената коалиција“, кажал естонскиот министер Пает за време на разговорот.

„Сметам дека ќе треба тоа да го истражиме. Не го очекував ова, интересно е“, му одговориле Ештон.

Разговорот бил воден по посетата на Киев на естонскиот министер за надворешни работи, Урмас Пает на 25 февруари, во екот на судирите меѓу проевропските демонстранти и безбедносните сили во украинската престолнина.

Министерот Пает на Ештон ѝ открил и дека доктор што се грижел за застреланите од киевските снајперисти му кажал дека и демонстрантите и полицајците биле гаѓани од исти луѓе.

Според медиумските светски написи, снимката од телефонскиот разговор наводно ја постирале офицери од Безбедносните сили на Украина (СБУ), лојални на симнатиот претседател Виктор Јанукович, кои ги прислушувале телефоните на Пает и Ештон.

Во судирите меѓу полицијата и демонстрантите на централниот плоштад во Киев минатиот месец беа убиени 94 лица и беа повредени над 900 луѓе.