/ Прочитано:

1.136

„Бараме да се повлечат лошите закони“ – протест на судската администрација

Со транспаренти „Бараме да се повлечат лошите закони во администрацијата“, „Ако ние не ја зачуваме правдата, правдата нема да нѐ зачува нас“, „Каде се ветените 5 %?“, „Дали ги читате законите?“, „Бараме итно повлекување на Законот за судска служба“, „Со реформите напред, со законите назад“, вработените во судската администрација денеска излегоа на протест.

akad 4

Протестот започна пред ССМ, а продолжи пред Собранието, пред Министерството за правда и пред Владата на Република Македонија. Барајќи остварување на нивните права, демонстрантите порачаа дека се неопходни итни измени на Законот за судска служба, зголемување на платите на вработените во судската администрација, исплаќање на зголемувањето од 5 % на јавната администрација и враќање на работното време од 7:30 до 15:30 часот.

akad 4

Солидарно, приклучувајќи се на денешниот протест, целосна поддршка на протестот му дадоа и потписниците на „Повелбата за солидарност“, Самостојниот синдикат на новинари и медиумските работници, Синдикатот на македонската дипломатска служба, Конфедерацијата на синдикални организации – КСОМ, Мултиетничкиот синдикат на образование – МЕСО, Синдикатот на културата на Македонија, Левичарското движење „Солидарност“ и Движењето за социјална правда „ЛЕНКА“.

akad 4

Судските службеници истакнуваат дека Законот за судска служба е штетен, демотивирачки, противуставен и несоодветен за специфичностите на судската служба. Тие нагласуваат дека се работи за решение кое е неприменливо и контрадикторно. Од УПОЗ и од ЗСА, како нивни претставници, велат дека биле трпеливи и дека се надевале на посериозен пристап кон  барањата на администрацијата.

„Синдикатот на УПОЗ и ЗСА беа трпеливи и во неколку наврати ги пролонгираа роковите дадените до надлежните органи со надеж дека ќе бидат прифатени. За жал, наидовме на незаинтересираност за изнаоѓање заедничко решение, иако по предупредувачкиот штрајк од 3.12.2015 година, во Министерството за правда беше одржана работна средба со министерот и заменик-министерот за правда и со претседателот и заменик-претседателот на Судскиот совет и беше ветена соработка“, посочуваат од УПОЗ.

akad 4

Од ЗСА и УПОЗ потсетуваат дека тие подготвиле Предлог-текст на Законот кој бил предаден во Министерството за правда и истакнуваат дека и претходно во таа насока било побарано негово итно разгледување, прифаќање на предлозите и отпочнување постапка за усвојување нов текст на Законот за судска служба.

„Но, оттогаш до денес, Министерството за правда ги проби сите рокови и не се произнесе по предлозите“, нагласуваат од УПОЗ.

akad 4

Претседателот на УПОЗ, Пецо Грујовски, на денешниот протест потенцираше дека протестот воедно има за цел да ги освести пратениците кои треба да ги согледаат штетните законски решенија, за кои и претходно алармираа.

„Дали пратениците знаат да читаат какви закони гласаат. Срамно е што власта не ги признава своите грешки и не ги повлекува спорните одлуки“, истакна Грујовски, упатувајќи критика и кон Уставниот суд, од каде што, како што рече, две години чекаат одлука.

Трпе Дејановски, координатор на штрајкувачкиот одбор, запраша зошто 5 проценти од вкупниот број на вработени во администрацијата мора да бидат казнети, зошто со една оценка 1 се губи работно место и зошто се укинал степенот на кариера.

akad 4

Од УПОЗ истакнаа дека  во понеделник ќе ги достават барањата и до Владата и до  министерствата и најавија дека ако во рок од две недели не добијат одговор на барањата и нема преговори,  ќе следуваат нови протести, поддржани и од други синдикати.

Законски одредби кои според Здружението за судска администрација се противуставни, недоречени и нелогични

Денешниот протест и тридневниот штрајк е продолжување на предупредувачкиот штрајк од 3.12.2015 година. Вработените во судската администрација и тогаш посочија на потребата од законски измени и реализација на добиените ветувања.

М.В

ДА СЕ ВРАТИ СТАРОТО РАБОТНО ВРЕМЕ ОД 7:30 ДО 15:30 – едно од барањата на УПОЗ и ЗСА на утрешниот штрајк

ШТРАЈК НА СУДСКИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ: „Да се измени штетниот и демотивирачки Закон за судска служба!“

„Ќе ја бојкотираме работата на судовите доколку не се измени Законот за судска служба“ – БОРЧЕ МИРЧЕСКИ, претседател на Здружението на судска администрација

 ЗДРУЖЕНИЕТО НА СУДСКА АДМИНИСТРАЦИЈА БАРА ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СУДСКА СЛУЖБА: Законот е противуставен, демотивирачки и дискриминирачки

НЕ БИДЕТЕ ОПУШТЕНИ, МОЖЕТЕ ДА БИДЕТЕ ОТПУШТЕНИ – УПОЗ ги повикува судските службеници, судските полицајци и административните службеници на првомајски протест