Беџети и Јанкуловска на неформален состанок на министрите за правда и внатрешни работи во Даблин
Четврток, 17 јануари 2013 – Министерот за правда Блерим Беџети и министерот за внатрешни работи Гордана Јанкуловска од денеска учествуваат на неформалниот состанок на министрите за правда и за внатрешни работи, што се одржува во Даблин, Република Ирска, во рамки на ирското Претседателство со Советот на ЕУ.
Целта на неформалниот состанок е актуелизирање на приоритетите во областите правда и внатрешни работи, како и дискусија за најважните прашања.
На состанокот е најавено учество на министри за правда од земјите членки на ЕУ, еврокомесари, претставници од агенциите на Унијата и од останати меѓународни организации.