/ Прочитано:

1.243

Безбедносните камери во Белград – за 24 часа има 654 казни, какви бројки ја очекуваат Македонија?

Вторник, 8 мај 2012 – Искуството со безбедносните камери на раскрсниците кај нашиот северен сосед покажува фрапантна бројка за изречени казни за само едно деноноќие. На 1 јуни 2011 во Белград се запалија камерите, а само до наредниот ден регистрирани се 654 несовесни граѓани за направени прекршоци во сообраќајот. Најмногу прекршоци има за непрописно поминување на жолта линија  и црвено светло. Казните за сообраќајни прекршоци во Србија се движат од 15 илјади до 30 илјади динари односно  од 130 до 270 евра. Во Македонија најголемата парична казна изнесува 500 евра.

Се запалија камерите и во Скопје 

Се запалија безбедносните камери во Скопје. Грабежи, убиства, тешки сообраќаjки па се до поминување на црвено светло. Сето ова веќе нема да помине без да се снима.

Според адвокат Јован Јоанидис не е јасно како ќе се види дека семафорот свети црвено ако камерата е свртена спрема колата!?

– „Безбедносните камери се добри, контролата на сообраќајот е по терк на ЕУ и САД меѓутоа ова е исто како што е со пиштолите мерачи на брзина. Сообраќаецот може да ви ја пише брзината, нема доказ дека навистина толку сте возеле. Мислам дека проблемот ќе се јави со казните и сликите што ќе пристигнуваат дома. Мене не ми е јасно што ќе има на сликата, ако го има семафорот кој свети црвено и колата тоа е доказ дека е сторен прекршокот, мегутоа ако камерата ја регистрира само колата тогаш тоа не може да е релевантен доказ за на суд“. 

Македонија и Србија казнуваат на ист принцип

Постапката кај нас и во Србија е иста. Прво дома ви стигнуваат сликите коишто се доказ на МВР дека сте направиле сообраќаен прекршок. Имате рок 8 дена да ја платите казната. Доколку не го сторите тоа очекуваjте покана од судот за сообраќајни прекршоци.

Хрватите со помалку прекршоци од србите

Во Загреб камерите се вклучија во ноевмври 2011, а за еден месец имаше околу 800 казни за несовесни возачи. Казните за сообраќаен прекршок се далеку по мали за разлика од Србија и Македонија, се движат од 50 до 100 евра. Загреб го покриваат 225 камери на 75 локации. Освен за сообраќајни прекршоци безбедносните камери регистрираат насилство, цртање графити, грабежи, несовесно паркирање. Сето ова веќе не поминува без да се снима.

Во САД по 11 септември се поставија 30 милиони камери

Њујорк го покриваат преку 1000 камери, скоро нема семафор на кој што не е поставена безбедносна камера, па со тоа секој што поминува на црвено плаќа казна. Државата Њујорк само од казни за поминување на црвено светло го полни буџетот со 36 милиони евра. Со поставување на повеќе камери градските власти се надеваат дека бутетот ќе го зголемат трикратно.

Во другите земји одамна постојат безбедносни камери

Лондон го снимаат 7000 камери, дел од нив се поставени од сопствениците на рестораните и кафулињата. Првата камера во Лондон е поставена на железничката станица во 1961 година.

Во Москва безбедносните камери се поставија во 2001. Со помош на 1000 камери денес во Москва за 15% е намалено разбојништвото, а за 12% грабежите.