/ Прочитано:

1.119

Од збор до збор: хумор и сатира во судницата

Природно, судските рочишта најчесто се проследени со крајна сериозност, но дека комичните ситуации предизвикани од главните „јунаци“ во судските арени не изостануваат сведочи книгата на американскиот адвокат Чарлс М. Севиља – „Безредие во судот: впечатливи моменти од судската историја“. Успешниот кривичар, кој очигледно поседува и добра смисла за хумор, преку својата збирка дословно ги пренесува глупостите изнесени во американските судници. Ви пренесуваме мал дел од искажаните небулози:

Адвокат: Што беше првото нешто кое вашиот сопруг ви го рече тоа утро? СВЕДОК: Тој рече, „Кети, каде сум јас?“ Адвокат: И зошто тоа ве вознемири? СВЕДОК: Моето име е Сузан!


Судија: Обвинението се однесува на кражба на замрзнати пилиња. Дали сте вие обвинетиот, господине? Обвинетиот: Не, господине, јас сум човекот кој ги украде кокошките.


Адвокат: Докторе, колку од вашите аутопсии сте ги извеле на мртви луѓе? СВЕДОК: Сите. Живите премногу се спротиставуваат.


Адвокат: Дали сте сексуално активна? СВЕДОК: Не, јас само лежам.


Адвокат:  Вашата дата на раѓање? СВЕДОК: 18 јули. Адвокат: Година? СВЕДОК: Секоја година.


Адвокат: Колку години има вашиот син, тој што живее со вас? СВЕДОК: Триесет и осум или триесет и пет, не можам да се сетам баш. Адвокат: Колку долго тој живее со вас? СВЕДОК : Четириесет и пет години.


Адвокат: Оваа болест… миастенија гравис, има ли некакво влијание врз вашата меморија? СВЕДОК: Да. Адвокат: Можете ли да ни објасните, како се одразува врз вашето помнење? СВЕДОК : Заборавам  работи… Адвокатот: Заборавате? Можете ли да дадете пример за нешто што сте го заборавиле?


Адвокат: Докторе, нели е вистина дека кога едно лице умира во сон, тоа не е свесно за ова следното утро? СВЕДОК: Дали навистина го положивте правосудниот испит?


Адвокат: Најмладиот син, 20 -годишниот, колку години има тој? СВЕДОК: Па 20, слично како и вашиот коефициент на интелигенција.


Адвокат: (Mу покажува на сведокот фотографија) Дали сте ова вие на фотографијата? СВЕДОК: Да. АДВОКАТ: Присутен бевте кога ве фотографираа? СВЕДОК: Се шегувате ли со мене?


Адвокат: Значи датумот на зачнувањето на вашето бебе беше 8 август? СВЕДОК: Да. Адвокат: А што правевте вие во тоа време? СВЕДОК: Имав сексуален однос.


Адвокат: Таа имаше три деца, нели? ОБВИНЕТ: Да. Адвокатот: Колку од децата беа момчиња? ОБВИНЕТ: Ниту едно. Адвокат: А девојчиња? ОБВИНЕТ: Судија, мислам дека ми треба друг адвокат. Може ли да добијам нов адвокат?


Адвокат: Како заврши вашиот прв брак? СВЕДОК: Со смрт. Адвокатот: А со чија смрт бракот заврши? СВЕДОК: Ај погодете.


Адвокат: Можете ли да го опишете лицето? СВЕДОК: Средна висина и имаше брада. Адвокат: Маж или жена? СВЕДОК: Освен ако циркусот не беше во градов, инаку јас би типувал на маж.


Адвокат: Се сеќавате ли на точното времето кога почнавте со обдукцијата на телото? СВЕДОК: Обдукцијата почна околу 08:30 часот. Адвокат: И г-дин Дентон беше мртов во тоа време? СВЕДОК: Не, седеше на масата и се прашуваше зошто му правам обдукција. Сведочењето на докторот продолжува и следниот ден, истиот адвокат… Адвокат: Докторе, пред да почнете со обдукцијата, дали го проверивте пулсот? СВЕДОК: Не. Адвокат: Дали проверивте крвен притисок? СВЕДОК: Не. Адвокат: Дали го проверивте дишењето? СВЕДОК: Не. Адвокат: Значи, тогаш е можно пациентот да бил жив кога сте ја започнале обдукцијата? СВЕДОК: Не. Адвокат: Како можете да бидете толку сигурни во тоа? СВЕДОК: Па неговиот мозок стоеше во тегла на мојата маса. Адвокат: Разбирам, но и без тоа, пациентот можно е се’уште да бил жив? СВЕДОК: Да, можно е тој да бил жив и да се занимавал со адвокатура.


Адвокат: Дали сте квалификуван да дадете примерок од урина? СВЕДОК: Дали сте вие квалификуван да поставувате вакви прашања?


 Објавено: 05.09.2013