/ Прочитано:

891

БиХ: Суспендирана врховна судијка која гола вежбала во својата канцеларија

Среда, 5 јуни 2013 – Судијката од Врховниот суд на Федерацијата на Босна и Херцеговина, што без облека танцувала, вежбала и читала весници пред прозорецот на својата канцеларија во Палатата на правдата, ќе биде привремено суспендирана од работа, пренесува Танјуг.

Весникот „Дневни Аваз“ на 17 мај објави фотографии од судијката, склона кон овој вид егзибиционизам. Канцеларијата на Дисциплинскиот обвинител на Врховниот судски и обвинителски совет на БиХ, веднаш почна истрага за утврдување на сите околности од овој случај.

Канцеларијата потврди дека веднаш е поднесено барање за привремено оддалечување на судијата од работа, а се очекува Првостепената дисциплинска комисија да донесе конечна одлука за ова барање.