/ Прочитано:

1.057

Битка за номинација на нов врховен судија во САД

Претседателот на САД, Барак Обама, на 16 март оваа година го номинираше претседателот на Апелациониот суд на Дистриктот Колумбија, судијата Мерик Гарланд, кој треба да го наследи судијата Скалија кој во јавноста важи за принципиелен и конзервативен член на Врховниот суд на САД. На оваа номинација се спротивставија членовите на Сенатот од Републиканската партија, со образложение дека во изборна година (изборите за претседател на САД ќе се одржат на 8 ноември 2016 година) не треба да се врши избор на судии во Врховниот суд, туку да се почека новиот претседател да ја преземе функцијата.

Мерик Гарланд, кандидат за судија во Врховниот суд во САД

Изминатите неколку месеци во САД се водеше медиумска борба во врска со номинацијата на потенцијалните кандидати кои се натпреваруваат за влез во Врховниот суд за пополнување на местото на починатиот судија Антонин Скалија.

Сепак, на крајот, претседателот на САД, Барак Обама, на 16 март оваа година го номинираше претседателот на Апелациониот суд на Дистриктот Колумбија, судијата Мерик Гарланд, кој треба да го наследи судијата Скалија кој во јавноста важи за принципиелен и конзервативен член на Врховниот суд на САД.

На оваа номинација се спротивставија членовите на Сенатот од Републиканската партија, со образложение дека во изборна година (изборите за претседател на САД ќе се одржат на 8 ноември 2016 година) не треба да се врши избор на судии во Врховниот суд, туку да се почека новиот претседател да ја преземе функцијата.

Од почетокот на оваа година во февруари, во март и во април беа спроведени анкети за испитување на јавното мислење дали треба да номинира кандидат за нов врховен судија претседателот Обама или тоа треба да го стори новиот претседател откако ќе завршат изборите.

На почетокот, според анкетите, граѓаните не беа многу заинтересирани за тоа прашање, покажувајќи сооднос 43 : 42 % за тоа нов врховен судија да биде номиниран оваа година, а 15 % од испитаниците немаа никакво мислење.

Овој резултат во месец април претрпе драстична промена, благодарејќи на јавната кампања за овогодишно промовирање на нов врховен судија и веќе 52 % од анкетираните дадоа позитивно мислење наспроти 37 % од граѓаните кои претпочитаат тоа да се стори откако новиот претседател ќе стапи на должност.

Графикон

Според членот 2 од Уставот на САД, правото да номинира

Битка за номинација на нов врховен судија во САД

нов врховен судија му припаѓа на Претседателот на САД, кој ја предлага таа номинација до Сенатот. Како што пренесуваат угледните американски весници „Вашингтон пост” и „Њујорк тајмс”, во моментов распоредот на силите во Сенатот е на страната на републиканците, кои имаат мнозинство од 54 сенатори наспроти 46 сенатори на демократите и доколку претседателот Обама достави кандидат за нов врховен судија, неговиот избор би можел да трпи тешкотии со оглед на тоа дека Барак Обама е претставник и член на Демократската партија.

Додека се избере новиот врховен судија на САД, од Врховниот суд на САД изјавуваат дека нема да објавуваат писмени мислења и ставови и предметите што пристигаат од пониските судови ќе бидат земени во работа, но гласањето при одлучувањето на врховните судии нема да има правен прецедентен ефект кој е познат во англосаксонскиот правен систем.