/ Прочитано:

923

Битолски јавен обвинител е уапсен поради сомнение дека процесуирал пријави и заштитил тројца осомничени за трговија со оружје

Среда, 20 февруари 2013 – Битолскиот заменик јавен обвинител С.Т. неговиот возач и двајца прилепчани се уапсени во полициска акција која изутринава се случуваше во Прилеп и во Битола. Според првичните неофицијални информации, битолскиот јавен обвинител е приведен поради злоупотреба на службената положба, а двајцата прилепчани за недозволена трговија со оружје. 

Во тек е претрес на домот на заменик јавниот обвинител, подетални информации МВР ќе јави по завршување на претресот. Уапсениот обвинителе е под сомнение дека ја злоупотребил положбата и заштитувал тројца осомничени за трговија со оружје затоа што не ги процесуирал пријавите против нив. Како што пишуваат медиумите полициската акција во Прилеп и Битола е се уште во тек.