СРБИЈА ПОМЕЃУ РУСИЈА И АМЕРИКА: Како Тито влегува во Вучиќ
Колку и да веруваат српските лидери дека ќе ги заобиколи судбината на мечот, односно подредувањето покрај само една ѕверка на работ од шумата, а во тоа веруваа и Слобо, и Ѓинѓиќ, и Коштуница, и Тадиќ, тој ден секако ќе дојде. Како што е неизбежно дека едно морничаво попладне косачот со капуљача ќе затропа на сечија врата, така и судбината на секој српски лидер е да стане и да се избричи, но тогаш во огледалото повеќе нема да го види своето лице. Ќе вресне, но ќе биде доцна. Во огледалото ќе го види Слободан Милошевиќ! Да, ќе се насмевне, но тоа нема да биде леш кој се радува. Вучиќ тоа добро го знае. Прашање е само дали доволно созреал. Ако успеал, првпат после Јосип Броз, ќе добиеме лидер кој смело ќе оди во сите делови на мрачната шума и наместо да заврши во стомакот на ѕверот, тој ќе седи на трпеза заедно со ѕверовите. Се разбира дека и Вучиќ и Путин добро знаат дека на Вучиќ, кога целосно би се свртел кон Русија, ќе му се случи Украина за три дена – па во истата секунда, на Си-ен-ен, лицето на српскиот премиер, ќе ги поприми цртите на Виктор Јанукович.
Навистина не ми е јасно што виделе нашите предци во овој баксузен дел на Балканот, па се довлечкале од некаде далеку, застанале баш тука – последна пошта Србија! Каде им бил паметот, па да речеме, да заминале на север, некаде кон Норвешка или Шведска. Вака, подигнале колиба на главниот геостратешки автопат, па затоа на секој педесет години, нѐ јадат големите сили. Како свиња мрсен весник.
Кога и да почнат да зборуваат глупости националистите „за куќата на сред пат“ и за важноста на таа куќа наречена Србија, за караваните на големите и зли трговци, помислувам на националната митологија која врие од херојства, магија и црна комедија.
Но, кога и да надојде тоа доба на проклетство, сфаќам колку сѐ, за жал, длабоко во право. Србија повторно се најде среде студена војна. Ни крива, ни должна. Само знам обично како било низ историјата, на крајот ќе испадне грбава и шугава. Веќе е почнато. Брисел и Вашингтон бараат од Вучиќ, Србија да воведе санкции против Русија. Вучиќ тоа нема да сака да го направи. Путин, исто така, го најави своето доаѓање во Белград, на прославата 70 години од ослободувањето на Белград, на 20-ти октомври, што ќе биде прва голема државна посета на некоја европска земја од страна на Големиот Владимир, после избивањето на украинската криза.
Како Путин во Белград на Маракана го чекаат 70.000 огнени навивачи, со руски знамиња и кои го обожаваат како Џајиќ, веќе ми се јавуваат две работи: руските медиуми кои од тоа прават сензација. Веќе ги гледам и Си-ен-ен. Кои исто така од тоа прават сензација!
Американскиот амбасадор во Белград, Мајкл Кирби, веќе тргнал во дипломатска акција – одвраќање на Путин. Во интервју за белградските медиуми запрашал – зошто Путин е во Белград? И потоа се запрашал Кирби, зошто Србија не повикала некој друг претседател од некоја друга поранешна советска држава? Рускиот амбасадор, Александар Чепурин, тргна во контранапад, објаснуваќи му на Кирби дека нема појма од историја, дека заедно со Титовите партизани и силите на советската Црвена Армија, Белград и Србија се ослободени од нацистите. Значи воглавно, Руси. Но, ајде сега, црни српски сину, снајди се во новото студено расправање помеѓу Москва и Вашингтон. Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, препорача, прилично јуначки, двајцата амбасадори да заминат од Србија, па таму нека се расправаат. Чесно!
Зошто Србија е толку значајна, и за едните и за другите, па премиерот Александар Вучиќ се повеќе наликува, како милиот и драг лик, бравар со маршалски чин, другарот Тито, кој сјајно балансираше и тргуваше помеѓу двата воени и политички сојузи, НАТО и Варшавскиот пакт? За ЕУ и Америте, Србија едноставно претставува лош пример. Всушност Вучиќ го прави она што би го направиле Меркел и Оланд кога ќе заспијат. Тие тогаш, во слатките соништа, ги откачуваат Америте и прават договори со Русите. Гротескните меѓународни односи, сјајно ги отсликал, итриот Мило Ѓукановиќ. Подигнувајќи ембарго кон Москва, го наведе целиот сериозен свет да ика од смеја – веројатно подеднакво и Путин и Обама, но всушност во тој надворешен политички челичен став на Подгорица е искажана правоверноста на Црногорците кои брзаат кон ЕУ и НАТО. Сигурно и Мило, сам се помочал од смеење додека го потпишувал документот за санкциите кон Русија, но совршено добро знаел дека неговата потврда за безрезервна послушност, претставува оној вид на влезница за малите земји во европскиот свет, за кој Србија е спремна како девица од село која заедно со мајка ѝ и татко ѝ ја повикуваат на аудиција за порно филм.
Сепак Србија сѐ уште не е спремна да го тргне мракот, но прашање е колку незиниот химен ќе остане целосен, кога ќе започне деталното „пречешлување“ на преговорите со Брисел. Тоа подразбира и заедничка надворешна политика. Тоа значи и подготвеност да се заострат односите со Русите. Тоа ќе подразбира и губење на невиноста или наивноста, како и да сакаме да го наречеме талкањето на Србија низ комплицираните вртлози во меѓународните односи.
Засега, Вучиќ добива на време. Всушност, постојат, два вида на теории за влијанијата на Русите врз Србите – еден е идолопоклонувачки, а тоа е оној за православното, крвно-духовно братство по кое на крајот од филмот, стасуваат козаците на коњи и ја спасуваат Косовка девојка од манијаци кои ја напаѓаат по крвавото, рамно поле. Другиот е про-натовски, кој кажува дека Русите за Србите се како јунак за петнаесетгодишник. Оттука, наверојатно, низ историјата Србите се однесуваат непресметливо, како нафиксан адолесцент, кој што од време на време, би сакал да се мајтапи со новиот светски поредок.
Знаејќи ја и едната и другата теорија, и Александар Вучиќ и Ивица Дачиќ, престојуваа во Москва, пред формирањето на оваа влада, трудејќи се нивниот престој да остане чувана тајна. Тоа значи дека веднаш, утредента, целиот бел свет дознал дека освен Крим, внимателно и маскирано кон Русија се приближуваат и Аца и Ивица. Но, сепак, тоа што Аца „скокнал“ до Москва, во екот на формирањето на владата, којашто долго се мучкаше, и покрај апсолутното напреднувачко мнозинство, зборува дека нејзиното конечно обликување почнува да ги попримува цртите дури после враќањето на Вучиќ и Дачиќ од Русија. Дека тоа е блиску до вистината, укажува и авторскиот текст на амбасадорот Александар Чепурин, кој допатува назад во Белград, специјално пишуван за „Политика“, во кој, неговата екселенција, ветува како руските железници ќе ја вмрежат Србија во брза железница сè до Бар. „Опа Бато“, браќа „Батушки“, ќе возиме 200 на саат, за три до четири години!
Има тука уште по нешто. Извозот на Србија за Русија достигнува блиску до 321 милиони долари, но со тенденција за уште поголем раст, особено бидејќи Русија нѐ вбројува во приоритетната група на земји за нејзините национални интереси, па запнала целокупното српско земјоделство, кое всушност и не постои, да снабдува барем неколку московски хипермаркети. Не е потребно е да се зборува за значењето на гасоводот „Јужен тек“. Секогаш се потсетуваат на него, кога ќе падне мраз. Тука е и кредитот за железницата, вреден 800 милиони долари. Но, она што е најважно – руската нежна душа ги простува кредитите. На Куба и се простени 28 милијарди долари, а на Северна Кореја – десет. Да не дојде до забуна. Русите секогаш опростуваат 90 проценти од долгот на земјите кои ќе покажат послушност. Со простувањето на долгот, следува нов аранжман. Да речеме една атомска централа и ескадрила на борбени ловци „сухои“. Ако гасот навистина тргне низ „Јужниот тек“, Србија ќе добие од 200 до 700 милиони долари, со корекција на цената за гасот, што е всушност главниот бенефит. Поентата е следна. Русите на сојузничките земји им продаваат гас по цена од 160 до 180 долари за илјада кубни метри. На сите останати, помеѓу 350 и 480 долари. Последната сума ја добиле Украинците. Ангела добила цена од 350 долари. Тоа значи дека Путин, сѐ уште верува дека Германија може да се врати на патот на Герхард Шредер, кој е главен „баја“ на гасоводот „Северен тек“. Поради оваа придобивка, Вучиќ, сѐ уште е рамнодушен кон притисокот од Западот. Се разбира дека и Вучиќ и Путин добро знаат дека на Вучиќ, кога целосно би се свртел кон Русија, ќе му се случи Украина за три дена – па во истата секунда, на Си-ен-ен, лицето на српскиот премиер, ќе ги поприми цртите на Виктор Јанукович. Што тогаш би можела Москва да бара од Вучиќ, особено после посетата која ја направи Путин бидејќи станал премиер? Сигурно Вучиќ се заколнал дека Белград нема да воведе санкции кон Руската Федерација бидејќи и така веќе, Путин има сериозни проблеми со Подгорица, па покрај Мило Ѓукановиќ, уште еден непријател, како што е Александар Вучиќ, за Русија претставува поголем безбедносен предизвик, отколку Обама и сите лидери на НАТО, кои јаваат на ракети со боеви глави. Се разбира, кога би се шегувале.
Не се само брзите пруги на Русија во напредната земја Србија доказ дека Вучиќ успеал да ја разнежни Москва и да им ја објасни надворешната позиција на Србија која се одржува на антидарвинистичкиот принцип – послабиот убаво да го замоли појакиот на едната страна од мрачната шума да не го изеде, а потоа да отиде на другата страна од мрачната шума и да влезе во пештерата на другата голема ѕверка, повторувајќи го истото. Го замолува да не го изеде, повикувајќи се на статусна и борбена неутралност, која подразбира дека животинката сака пристап до пештерата на едната ѕверка, но сепак бара дозвола за пристап, барем еднаш неделно, да го посети мрачниот дел од шумата каде царува разбудената, братска ѕверка. На Русите во овој момент, на Балканот им е важно Србија да не се меша во големите игри и да се тргне од надворешната политика на Брисел, која бара да се воведат санкции кон Кремљ, кои со ништо не се предизвикани. Како за замена за политичката неутралност, Вучиќ ќе може да оди по брзата Путинова пруга. На Русите им е потребна уште една Вучиќева чесна пионерска: дека ќе гарантира за неговата прозападна министерка, Зорана Михајловиќ, дека нема да легне пред заварувачите на цевководот „Јужен тек“ и со своето тело да го спречи ширењето на енергетската гасна магистрала кон Западот.
Но, колку и да веруваат српските лидери дека ќе ги заобиколи судбината на мечот, односно подредувањето покрај само една ѕверка на работ од шумата, а во тоа веруваа и Слобо, и Ѓинѓиќ, и Коштуница, и Тадиќ, тој ден секако ќе дојде. Како што е неизбежено дека едно морничаво попладне косачот со капуљача ќе затропа на сечија врата, така и судбината на секој српски лидер е да стане и да се избричи, но тогаш во огледалото повеќе нема да го види своето лице. Ќе вресне, но ќе биде доцна. Во огледалото ќе го види Слободан Милошевиќ! Да, ќе се насмевне, но тоа нема да биде леш кој се радува.
Вучиќ тоа добро го знае. Прашање е само дали доволно созреал. Ако успеал, прв пат после Јосип Броз, ќе добиеме лидер кој не како Вучиќ, туку како „Вук“ ќе оди во сите делови на мрачната шума и наместо да заврши во стомакот на ѕверот, тој ќе седи на трпеза заедно со ѕверовите.
>> Српската верзија на блогот проследете ја тука. Објавено: 26.09.2014
Останато од авторот:
- „Селфи“ на местото на злосторството: Убиство кое ќе ја промени Србија
- ЛЕТНА РАЗОНОДА: Торнада, Ноле и рецепт за успехот на една „певаљка“
- ЛЕГЕНДАТА ЗА КОСМАЈАЦ: Нарко босот кој живееше само еден ден!
- Опа, Миќо: Лажни докторати, вистински силиконки и скапи млазњаци
- За Ѕвезда, Шеки и Бари: Титула после шест години
- Апокалипса во Србија: Страшни денови на потопот
- Тајната на љубовта меѓу Србите и новиот вожд: Мистеријата Вучиќ
- Кристијановото шоу: Како прочуениот криминалец стана телевизиска ѕвезда!
- Тајната љубов меѓу Србите и шеикот: Вучиќ лебди над белградската вода
- Уловен најголемиот балкански нарко бос: Добар ден, јас сум Дарко Шариќ!
- Кој е Србинот кој е помоќен од носач на авиони: Повикај го Срѓа поради револуција
- Србија до Брисел: Јуриме кон Европа, на руски гас
- Зад кулисите на ТВ серијата „Равна гора“: Оваа недела е четничка
- Црната вдовица на српската мафија: Го сакаше ѕверот кој ѝ го распарчи мажот
- Заминувањето на Александар Тијаниќ: Балада за последниот српски новинар
- Кој е таинствениот, српски, економски месија: Лазар Нејакиот или Лазе Камиказе
- Последната југословенска тајна: Зошто Јованка Броз е осудена на 33 години самотија
- НБА Перо: Ѕвездиниот „делија“, момче Македонче
- Назад во ЕУ, во мини – Југославија
- Мистеријата на ливницата Јеремиќ: Како новото Скопје е излиено во Белград
- Тито: Од сè што ви оставив, Божја ви мајка, најдобро се држи Јованка
- Сите тајни на преговорите меѓу Белград и Приштина: Девет рунди пекол со баронесата Кетрин
- Тајната на потопот на медитеранскиот рај: Како Кипар стана најскап српски збор
- Натпревар поголем од животот: Секс, ага, Срби и Хрвати
- Пропаст на бугарскиот цар: Кој го нокаутираше брат Бојко?
- По откритието на Еуропол: Српскиот фудбал е чесен, ама е мртов
- Кој, навистина, е Дарко Шариќ: Мистерија на пљевљанскиот Ескобар
- Тајната на ноќниот живот на Белград: Пејачки во скутови, на сплавовите на гревот
- Операцијата Мишковиќ: Среда во Србија после која ништо повеќе нема да биде исто
- Случајот Џајиќ: Боговите не се апсат!
- Приказна за двете цркви: И Србите и Македонците ќе го видат својот Господ!
- Набилдани беседници во српскиот храм на правото
- Јужњак во подножјето на Алпите: Зошто „дежeлата“ го продаде Зоран
- Балада за српскиот селектор: Синиша, од самрак до зора
- Кој го зеде бакшишот од 300 милиони евра
- Фудбалски Гали од Долни Срем ја поробија Србија
- Пеколниот ангел од Црна Река
- Нека почнат игрите: Една влада за Ивица и Ацо
- Чии цевки ќе ја чуваат цевката „Јужен тек“
- Евро за грст динари