/ Прочитано:

2.072

Борче Давитковски ќе претседава со експертската комисија за собраниските инциденти

Среда, 12 јуни 2013 – Деканот на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Борче Давитковски е избран за претседател на Комисијата која што ќе ги истражи настаните од 24 декември, се наведува во одвоените соопштенија на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ.

Според партиите за претседател е избран домашен експерт кој е високо почитуван во професијата и јавноста.

„Очекуваме Комисијата ефикасно да работи и брзо да излезе со свои заклучоци за спорните настани. Ова е основа за нормализирање на политичкиот дијалог во Македонија и нов поттик на евроинтегративниот процес за земјава“, се наведува во соопштенијата.

Членови на комисија од ВМРО-ДПМНЕ се и Илија Димовски и Благородна Дулиќ, додека од СДСМ, Љубомир Фрчкоски и Рената Дескоска. Комисијата треба да подготви извештај за настаните во Собранието на Република Македонија пред и за време на 24 декември минатата година кога пратениците требаше да расправаат за Буџетот на државата.