Брачна двојка од Куманово измамена преку Фејсбук
Среда, 31 октомври 2012 – Жител од село Мралино преку „Фејсбук“ им ветувал брда и планини на млад брачен пар од Куманово. Им земал 799.500 денари ветувајќи им стан во Скопје и фалсификат диплома од Факултетот за детективи на ФОН.
Жителот Г.С (34) од село Мралино кон крајот на 2009 година и почеток на 2010 година, преку „Фејсбук“ запознал млад брачен пар од Куманово. Брачниот пар бил во потрага по стан во Скопје, па осомничениот успеал да ги наговори во 3 наврати да му дадат 10.000 евра. Им рекол дека парите му требаат за да им плати учество за станот, објаснувајќи им дека се работи за стан со поволна цена наменет за млади брачни парови. Им ветил дека ќе им набави имотен лист, а освен тоа им земал и 3000 евра за да им набави фалсификувана универзитетска диплома од Факултетот за детективи на ФОН. Брачната двојка откако не добиле ништо од ветеното, случајот го пријавиле во полиција.
Од СВР КУманово е поднесена кривична пријава против Г.С кој е осомничен за кривично дело „Измама“.