Браќата Карабатиќ проговорија пред новинарите
Петок, 12 октомври 2012 – Десет дена по најголемиот скандал во историјата на ракометот, главните актери во аферата за наместениот резултат во француското првенство, браќата Никола и Лука Карабатиќ одлучиле да проговорат за францускиот неделен магазин „Париз меч“. Освен шокираноста за тоа што им се случи, тие го изразиле и револтот спрема јавноста која што веќе ги осудила.
Браќата Карабатиќ се уште негираат дека го продале натпреварот ниту сметаат дека заслужиле ваков неславен крај на ракометната бајка.
„Бев во шок. По натпреварот со Париз дојдоа по мене, ми рекоа дека полицијата дошла и дека мора да одам во притвор. Кога излегов од слата видол толпа од новинари кои што ме чекаат. Бев збунет, не знаев што се случува. Сега имаше повеќе новинари пред спортската сала отколку кога се вративме од Лондон со олимписко злато“, изјавил ракометарот Никола Карабатиќ.
На зборовите на Никола се надоврзал неговиот брат Лука Карабатиќ, кој исто така беше уапсен во аферата за продадениот натпревар во француското првенство минатата година во мај.
„Сите очи беа вперени во нас. Имав чувство како веќе да ни пресудиле и не носат на бесилка“.
Браќата на новинарите им објасниле зошто во почетокот се бранеле со молчење.
„Адвокатите на почетокот ни сугерираа дека така е најдобро. Иако ако молчиш изгледа како да ја потврдуваш вината“, рекол Никола Карабатиќ.
Неговиот брат пред судот признал дека се обложувал, но се уште негира дека го наместил резултатот на натпреварот.
„Полицајците ни рекоа дека адвокатите сакаат да изградат кариера на наш грб. Тогаш одлучив дека нема да молчам и му ја кажав вистината на судијата. Признав дека се обложив и поради тоа ќе си ги сносам последиците. Најмногу не боли тоа што не обвинуваат за лажење, тоа за нас е одвратно. Едноставно не е вистна, не заслуживме на тој начин да ја завршиме кариерата“, изјавил Лука Карабатиќ.
Пронајдени клучни докази, панични телефонски разговори меѓу браќата и нивните девојки
Новинар од францускиот „РТЛ“ наводно ги слушнал телефонските разговори на браќата и нивните девојки што ги снимила полицијата во времето кога изби аферата во јавност. Според новинарот, тие меѓусебно во паника ги догаварале исказите што треба да ги дадат во полициската станица и пред истражниот судија. Најиспаничена била девојката на Лука, Џејн Прајз која е француска тв водителка. Во нејзниот телефонски разговор со нејзиното момче, се слушнало како Лука ја смирува и и кажува што да каже на полицијата и дека ќе ја заштити без разлика на санкциите што следуваат.