/ Прочитано:

1.146

БРУТО ПЛАТА 2016: Најниска и највисока основица за пресметување на придонеси

„Најниската основица за пресметка на придонесите за 2016 година изнесува 16.134,00 денари (50% од 32.268)...“

ujp-9-smalena-e1360160618926.jpg„Просечната плата по работник во Република Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика објавени во јануари 2016 година изнесува 32.268 денари.

„Просечната плата се користи за утврдување на најниската и највисоката основица за пресметка на придонесите од задолжително социјално осигурување и тоа за пресметките за плата кои се однесуваат за период од месец jануари до месец декември 2016 година (согласно член 15 и член 16 од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување).

  • Најниската основица за пресметка на придонесите за 2016 година изнесува 16.134,00 денари (50% од 32.268)
  • Највисока основица за пресметка на придонесите за 2016 година за примањата од работен однос изнесува 387.216,00 денари (12 x 32.268)
  • Највисока основица за пресметка на придонесите за 2016 година за самовработено лице изнесува 258.144,00 денари (8 x 32.268)“, информираат од УЈП.

Обврзниците, како што посочуваат од УЈП, треба да ја преземат новата верзија на клиентскиот софтвер – МПИН (види http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/81) која го содржи новиот параметар.

pros

„Сите обврзници кои до овој момент имаат поднесено и исплатено конечни пресметки за Јануари 2016 година, а исплатуваат плати под најниската основица или над највисоката основица за пресметка на социјалните придонеси, треба да поднесат исправки (103) на истите, со утврдениот износ на просечната плата“, напоменуваат од УЈП.