Царинска управа: Наплатени приходи од 1,68 милијарди евра
„Царинската управа со успех ја заврши 2021 година, со вкупно наплатени приходи во износ од 103,47 милијарди денари или 1,68 милијарди евра по основ на царински давачки, ДДВ, акцизи и други надоместоци при увоз и внатрешен промет. Наплатените приходи во 2021 година се поголеми за 24,70% во однос на 2020 година, односно за 12,81% во однос на 2019 година. Царинската управа и во 2022 година ќе биде фокусирана на имплементација на мерки и активности кои се во насока и придонесуваат за зголемена финансиска дисциплина и наплата на приходите од сите учесници во царинските постапки“, соопштуваат од Царинската управа.