/ Прочитано:

2.887

Централен регистар спроведува постапка за бришење на трговски друштва и трговци поединци

На списокот се наоѓаат повеќе од 4 300 субјекти над кои се спроведува постапката за бришење, во согласност со Законот за трговските друштва. Централниот регистар на Република Македонија истовремено ги повикува  законските застапници, односно лицата и органите овластени за управување, застапување и надзор на субјектот, содружниците, како и доверителите (овластени подносители) во врска со субјектите содржани во овој список, во рок од една година од денот на објавувањето на ова соопштение, да поднесат предлог за стечај, во согласност со Законот за стечај, или предлог за ликвидација, во согласност со Законот за трговските друштва, и за тоа писмено да го известат Централниот регистар на Република Македонија.

Централен регистар

Централниот регистар на Република Македонија, во согласност со членот 552-а од Законот за трговските друштва, објави список на трговци поединци и трговски друштва над кои Централниот регистар на Република Македонија спроведува постапка за бришење, во согласност со членот 552-б од истиот закон, поради тоа што до 31.12.2016 година до Централниот регистар на Република Македонија не поднеле годишна сметка за деловната 2015 година и/или не поднеле пријава за упис на адреса на електронско сандаче за прием на писмена, во согласност со членот 21 од Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговски регистар и регистар на други правни лица и/или по истекот на една година од објавувањето на уписот на веб-страницата на Централниот регистар на Република Македонија за извршениот упис на основање, во согласност со членот 175 од Законот за трговските друштва, не го внеле/уплатиле основачкиот влог.

На списокот се наоѓаат повеќе од 4 300 субјекти над кои се спроведува постапката за бришење, во согласност со Законот за трговските друштва.

Централниот регистар на Република Македонија истовремено ги повикува  законските застапници, односно лицата и органите овластени за управување, застапување и надзор на субјектот, содружниците, како и доверителите (овластени подносители) во врска со субјектите содржани во овој список, во рок од една година од денот на објавувањето на ова соопштение, да поднесат предлог за стечај, во согласност со Законот за стечај, или предлог за ликвидација, во согласност со Законот за трговските друштва, и за тоа писмено да го известат Централниот регистар на Република Македонија.

Доколку во рок од една година Централниот регистар на Република Македонија не добие писмено известување за поднесен предлог за ликвидација, односно предлог за отворање стечајна постапка од страна на овластен подносител, го брише субјектот и бришењето го објавува на својата веб-страница.

Доколку за субјектите од списокот е евидентирано писмено известување за поднесен предлог за ликвидација, односно предлог за отворање стечајна постапка од страна на овластен подносител, во рок од една година од истекот на рокот од претходниот став, Централниот регистар не добие решение за отворена стечајна постапка, односно не е отворена постапка за ликвидација, го брише субјектот и бришењето го објавува на својата веб-страница.

Како што соопштуваат од Централниот регистар, сè до истекот на законскиот рок за објава, Централниот регистар ќе врши редовно ажурирање на објавениот список на тој начин што од него ќе ги отстрани трговците поединци и трговските друштва кои ги отстраниле причините поради кои биле ставени на списокот, како и оние кои по објавата на списокот се избришани од трговскиот регистар по пат на стечај, по пат на ликвидација или во согласност со членот 18  од Законот за трговските друштва.