/ Прочитано:

987

Дали слободата на началникот Перишиќ е бумеранг пресуда во однос на хрватските генерали?

Петок, 1 март 2013 – Ослободувањето на српскиот началник Момчило Перишиќ од одговорноста за воени злосторсва во БиХ и Хрватска одекна како ударна вест во регионот, па дури ја симна веста од насловните страници за последниот ден на папата Бенедикт ХVI. Медиумите поделени во врска со одлуката на Трибуналот, во зависност од тоа дали се од Србија, Босна или Хрватска. Се наметнува прашањето дали станува збор за бумеранг пресуда во однос на хрватските генрали. 

Во 13 часот поранешниот началник на генералштабот на војската на Југославиja, Момчило Перишиќ со владин авион од Холандија ќе долета на белградкиот аеродром, а ќе биде пречекан од претставници нан владина делегација. Откако вчера жалбениот совет на Хашкиот трибунал го ослободи поранешниот началник од обвинението за злосторства во БиХ и во Хрватска, наложи веднаш да биде пуштен на слобода.

Ослободителната пресуда за семејствата на жртвите, собрани во здруженија претставува дополнителен нож в грб и доказ дека се работело за политички суд, коментираат здруженија на жртвите во Босна и Херцеговина.

„Никој во БиХ не можеше ниту во сон да замисли дека ќе се случи ваков пресврт и сметам дка ова е скандалозно. По изречена казна од 27 години, сега е изречена ослободителна пресуда. Овој Трибунал загуби секаков кредибилитет, особено кај жртвите“, вели Фадила Мемишевиќ од Здружението за загрозени народи на БиХ.

Веста одекна на сите страни, од регионалните па се до светските медиуми пишуваа за неговата слобода. Додека регионалните медиуми се поделени во врска со оваа одлука на Трибуналот, во зависност од тоа дали се од Србија, Босна или Хрватска, светските агенции сметаат дека пресудата претставува победа на Србите во Хаг. Според нивните натписи, меѓународните судови е тешко да процесуираат високи воени и цивилни функционери за кои што се верува дека „ги влечеле конците, а не делувале директно“.

Началникот Перишиќ беше осуден во 2011 година на 27 години затвор поради злосторства извршени во Сараево и Сребреница во периодот од 1993 до 1995 година и за време на гранатирањето во Загреб во мај 1995 година. Жалбениот совет ја поништи пресудата. Перишиќ на 7 март 2005 година доброволно се предаде на Хашкиот трибунал и истиот ден е префрлен во надлежност на тој суд.