/ Прочитано:

1.046

Денеска и утре, регионална работилница за недозволената трговија со оружје

Вторник, 28 мај 2013 Денеска и утре, во Скопје ќе се одржи работилница за недозволената трговија со оружје. Во неа учество ќе земат експерти и службеници од полицијата од Македонија, Бугарија, Словенија, Хрватска, Албанија, Црна Гора, Турција, и од Босна и Херцеговина. Присутни ќе бидат и претставници од полицијата на Шведска, на Норвешка и на Данска.

На настанот инициран од македонската и данската полиција, а поддржан од Европската комисија преку програмата ТАИЕКС, ќе присуствува и директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, а воведно обраќање ќе има државниот секретар на МВР, Виолета Јанковска.

Дел од прашањата за коишто ќе се отвори дискусија на дводневниот собир се однесуваат на разни подробности од проблематиката на недозволената трговија со оружје, како што се: следењето на историјатот на секое запленето парче оружје, иницирањето заеднички операции во борбата против нелегалната трговија со оружје, начините за зајакнување на соработката меѓу соодветните единици за борба против недозволена трговија со оружје, како и ефикасното собирање и размената на информации на оперативно ниво.