/ Прочитано:

820

ДИК: До 17 часот излезноста е 57,57 %

Недела, 24 март 2013 – До 17 часот во Македонија на гласање излегле 57,57 % од вкупниот број на запишани гласачи,  на прес-конференцјата во 18 часот информираше членот на Комисијата Субхи Јакупи. Од ДИК пооделно информираа за процентот на излезноста во секоја општина. 

До 17 часот на гласање излегле 57,57 отсто од вкупниот број запишани гласачи, додека во Скопје излезноста изнесува 53,08 отсто, изјави на прес – конференцијата на ДИК во 18 часот членот на Комисијата Субхи Јакупи. Тој пооделно информираше за процентот на излезноста во секоја општина.

Во Кичево на гласање излегле 71,8 отсто, во Карпош 60,43, Вевчани дури 83,4 отсто.

>> Одзивот на гласањето  можете да го следите тука.