ДИК: Излезноста до 10 часот e 7,56 отсто
Недела, 7 април 2013 – Излезноста во вториот круг од локалните избори до 10 часот на ниво на Република Македонија е 7,56 отсто, пред малку на прес-конференција, информираше Државната изборна комисија (ДИК).
Правото на глас до 10 часот го искористиле 28.636 граѓни. Најголема излезност е забележена во Струмица 14,47 отсто , најниска излезност има во Тетово, каде на гласање досега излегле само 4,43 отсто. Од скопските општини до 10 часот најголем број гласачи има во Ѓорче Петров 11,39 отсто, додека најмала излезност има во Шуто Оризари 4,16 отсто. Портпаролот на ДИК, Билјана Јовановска информираше дека сите избирачки места се отворени навреме, краток прекин на гласањето имало на пет избирачки места во Кочани, но проблемот за кратко бил решен и гласањето продолжено.
Денеска граѓаните гласаат во 29 општини и во градот Скопје.
>> Целосниот извештај на ДИК може да го проследите тука.