/ Прочитано:

938

Добиен случај за дискриминација против „Старбакс”

Компанијата „Старбакс” го изгубила случајот за дискриминација против своја вработена, која е болна од дислексија, откако противзаконски ја обвиниле за фалсификување документи и активности за кои вработената била одговорна во својата работа.

akad 2

Како што објавува „Гардијан”, во декември 2015 година, судот надлежен за работни односи во Лондон увидел дека „Старбакс” ја обвинил вработената Месерет Кумулчев дека погрешно ја евидентирала температурата  на водата и фрижидерите, што всушност било и нејзина должност како супервизор во „Старбакс”, во југозападен Лондон.

Судот дознал дека „Старбакс” ја обвинил вработената за погрешната евиденција, ѝ биле намалени обврските и ѝ било наредено да се преквалификува.

Г-ѓа Кумулчев, која сѐ уште е вработена во „Старбакс”, вели дека им укажала на своите шефови дека е болна од дислексија, состојба при која постојат тешкотии при читањето  и разбирање на прочитаното. Обвинувањето дека погрешила во евиденцијата ја натерало дури и да си го одземе животот.

Судот одлучил дека „Старбакс” направил грешка во нејзиниот случај, во согласност со „Актот за рамноправност 2010” каде што се вели дека работодавецот треба да покаже разбирање за еднаквите можности и потреби.

Претставниците на Британската асоцијација за дислексија велат дека сите организации мора да направат приспособувања за луѓето кои имаат таков недостаток, вклучувајќи ја и дислексијата, во согласност со Актот. Многумина болни поради таа состојба доживуваат стрес, емоционални состојби, анксиозност и се чувствуваат запоставени.

Од „Старбакс” велат дека не можат да го коментираат случајот бидејќи сѐ уште се во преговори со вработената г-ѓа Кумулчев, како што велат „за да се добие поинаква и инклузивна работна сила”.