/ Прочитано:

1.446

Договарање на адвокатската награда во процентуален износ – се најавуваат измени на Законот за облигационите односи

Адвокатската комора на Република Македонија најавува измени на Законот за облигационите односи во однос на договарањето на адвокатската награда во процентуален износ.

akad 2

Измените на Законот за облигационите измени ги најави заменик министерката за правда, Билјана Бришкоска – Бошковски на 61-вото Годишно собрание на АКРМ, во рамки на кое беа одбележани 71 година од основањето на Адвокатската комора и адвокатурата во Република Македонија.

„Една од придобивките кои што во изминатиов период успеавме да ја оствариме се измените на Законот за нотаријат и на Законот за извршување, а во изминатиов период со Адвокатската комора на Република Македонија, се зборуваше и за измени на Законот за облигационите односи“, истакна заменик министерката за правда Билјана Бришкоска-Бошковски.

Претседателот на Адвокатската комора на Република Македонија, Никола Додевски, појаснува дека разговорите помеѓу Министерството за правда и Адвокатската комора на Република Македонија биле во насока на потребните измени на Законот за облигационите односи, а во делот на договарањето на адвокатската награда во процентуален износ.

slika

„Потребна е измена на Законот за облигационите односи, којшто како рецидив на еден систем  и за разлика од многу други системи го забрануваше и се уште, за жал, го забранува – договарањето на адвокатска награда во процентуален износ. Тоа е измената којашто се надеваме дека многу брзо со помош на нашиот партнерски однос и разбирањето на адвокатурата од страна на Министерството за правда и, се разбира, со наше несебично залагање ќе го имаме како резултат во иднина“, вели претседателот на АКРМ.

Покрај измените на Законот за облигационите односи, Додевски подвлекува дека потребно е изменување и на Законот за кривичната постапка затоа што,  како што нагласува, треба да се отстранат „дефектите на Законот“.

„Потребно е отстранување на дефектите на Законот за кривичната постапка коишто токму нееднаквоста на странките и нееднаквоста на оружјето ја потенцираат, особено во поглед на роковите за подготовка на одбрана, роковите за жалба. Имаме предмети што имаат илјадници страни, а за разлика на многу други системи или претежен број на системи каде што или рокот е екстензивен или е различно применет за одредени права, па дури и судот е оној којшто може да даде многу подолг рок за да се заштити позицијата и еднаквоста на странките од тој што е предвиден. Ние, во сегашниот нов ЗКП, имаме 15 дена и за предмет што има милион страници и за предмет што има 20 страници е тоа е предизвик да се измени бидејќи не е тоа измена која што ја сакаме, тоа е измена којашто е неопходна и не само за рокот за жалба, туку за сите рокови. Двете странки во постапката треба да имаат еднакви рокови за секое правно дејствие и во секоја фаза на постапката“, нагласува Додевски.

М.В