/ Прочитано:

1.256

Дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот: пешачки активатори за сигнал за пешаци

Среда, 7 окотомври 2015 – Министерството за внатрешни работи извести за почеток на процесот за подготовка на Предлог на закон за дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата во насока на допрецизирање на посебните уреди за давање светлосни сообраќајни знаци, односно предвидување пешачки активатори за сигнал за пешаци, за регулирање на сообраќајот на пешаците и велосипедистите. „Со Законот за дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, се врши квалитативно подобрување на постојното законско решение во насока на допрецизирање на посебните уреди за давање светлосни сообраќајни знаци, односно предвидување пешачки активатори за сигнал за пешаци, за регулирање на сообраќајот на пешаците и велосипедистите. Со донесување на предложениот закон ќе се овозможи зголемување на протокот на моторниот сообраќај во периодите кога нема голем број на пешаци во сообраќајот, што ќе придонесе за поефикасно и непречено одвивање на сообраќајот на патиштата во Република Македонија. Истовремено, со предложеното решение ќе се намали и времето на чекање на пешаците на пешачките премини, во периодите на поизразен сообраќај на патиштата“, истакнуваат од МВР.