/ Прочитано:

950

ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА: Издадени одобренија за градење

Според податоците на Државниот завод за статистика, во септември 2016 се издадени 297 одобренија за градење, што е за 6,0 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

akademik foto 1

Според одобренијата издадени за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5 088 315 илјади  денари, што е за 21,7 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на одобренија издадени за градење, 196 (66,0 %) се наменети за објекти од високоградба, 23  (7,7%) за објекти од нискоградба и 78 (26,3 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 297 објекти, на 203 (68,4 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 94 (31,6 %) објекти  инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 1 009 станови, со вкупна корисна површина од 78 143 м2.